Австралија ги укина строгите мерки, само 93 активни случаи на Ковид-19

Австралија - пазар за риби

Епидемиолошката состојба во Австралија се смирува, властите во државата Јужна Австралија регистрираа само едно новозаразено лице и ги укинаа строгите ограничувачки мерки три дена пред закажаниот рок.

Во другите австралиски држави нема повеќе нови случаи на Ковид-19 повеќе од една недела, но нема и нови смртни случаи кај пациенти со овој вирус.

Силни ограничувачки мерки беа воведени во Јужна Австралија на почетокот на неделава поради неточни информации за едно новозаразено лице и како последица на стравувањата од масовно ширење на инфекцијата.

Иако вонредните мерки ќе бидат релаксирани, тие нема да бидат укинати во целост, особено не забраната за масовни собири.

– Сè уште не сме застанале на зелената гранка, предупреди јужно-австралискиот премиер Стивен Маршал.

Во соседната држава Викторија, која со месеци е епицентар на епидемијата во Австралија, 22 дена нема нови случаи на заразени, а истото важи и за државата Нов Јужен Велс.

До денеска, има само 93 активни случаи на Ковид-19 во Австралија.