Авион со дупка на трупот на авионот летал над Белград цел час (видео)


Авион на „Маратон ерлајнс“, авиокомпанијата која врши летови за „Ер Србија“, принудно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград со дупка на трупот и оштетено крило, како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.

Во авионот во тој момент имало 106 патници, а штетата настанала при полетувањето од белградскиот аеродром кога удрил во светлосната сигнализација на крајот од пистата.

Според неофицијални информации, пишува N1 Србија, причина за инцидентот е краткото возење што пилотот го извел при полетување, така што немал доволно време порано да се одвои од пистата и да ги избегне семафорите.

Со дупка во трупот еден час леташе над Белград
Во ваква состојба, авионот кружел над Белград еден час пред конечно да слета. Поради истекување гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена за да спречат пожар.

„Ер Србија“ соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.