Авион што носеше Индијци дома се преполови, настрадаа 18 патници

Бројот на жртви во авионската несреќа на индиски „боинг737“ на компанијата „Ер Индија Експрес“ се зголеми на 18.

Бројот на тешко повредени е 16, соопшти денеска висок функционер на локалните власти во областа Малапурам на државата Керала на југот на Индија.

„Сите повредени патници се згрижени во локалните болници и тестирани на присуство на вирусот корона“, изјави Гопалаккришнан, пренесе Ројтерс.

Авинот со 190 патници и членови на посадата во петокот се излизга од пистата и се преполови на аеродромот во индискиот град Керала.

Тој доаѓал од Дубаи и принудно слетал, а до несреќата дошло во моментот кога во тој дел од Индија паѓал силен дожд.

Министерството за цивилна авијација на Индија соопшти дека авионот не се запалил, дека пилотот и копилотот настрадале, како и дека истрагата треба да покаже која е причиината за падот на патничкиот авион на летот на индиската влада AXB1344 кој превезувал Индијци што не можеле да се вратат во земјата поради воведените рестрикции заради пандемијата од корона вирус.

Ова е најтешка авионска несреќа во индија од 2010 година наваму.