Авион на „Монтенегро ерлајнс“ принудно слета во Калуга, пилотот изгубил свест


Авион на црногорската компанија „Монтенегро ерлајнс“, кој летал на релација Тиват – Москва, денеска принудно слета на аеродромот во рускиот град Калуга откако пилотот изгубил свест, јави агенцијата ТАСС.

– Додека авионот се приближуваше кон Москва и веќе се спушташе, на капетанот му се слоши и изгуби свест. Поради тоа, авионот мораше принудно да слета во Калуга, југозападно од Москва, изјави претставник од службата за авијација.

Принудното слетување помина уредно и никој не е повреден.

Компанијата „Монтенегро ерлајнс“ соопшти дека авионот слетал принудно бидејќи му се слошило на пилотот.

Во соопштението се наведува дека неговата состојба е стабилна.