Авантурист кој посетил 130 земји во светот го открил најбизарното место каде што некогаш бил


Џордан Егберт е блогер за патувања и американски авантурист кој споделува искуства од патувањето на своите профили на социјалните мрежи, а во едно од своите најнови видеа ја откри најбизарната земја што ја посетил.

Американскиот авантурист Џордан Егберт заедно со неговата сопруга го продале целиот свој имот за да патуваат низ светот. Досега посетил 130 земји во светот, а во едно неодамнешно видео откри која од тие 130 ја заслужува титулата за најбизарна.

Станува збор за Туркменистан, а изјавил дека тоа е најчудната земја на светот.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jordan Egbert (@counting.countries)

 

„Земја во чиј главен град секоја зграда и автомобил мора да бидат бели, речиси и да нема интернет и сите веб-страници и апликации се забранети“, вели Егберт во видеото.
Тој истакнува дека најчудно е што главниот град е исполнет со огромни величествени и во исто време морничави споменици без никој наоколу.

„Добредојдовте во Туркменистан. Се качив на лет од Истанбул и обично има еден меѓународен лет до Ашхабад. Првото нешто што го забележав по слетувањето беше дека дури и аеродромот е изграден во бел мермер и злато – што изгледа малку непотребно, но убаво “, вели тој во видеото.

Покажа како изгледа дел од аеродромот, а потоа и хотелот со три ѕвезди во кој престојувал, каде што чини  ноќевање чини 70 долари, иако изгледа како „кралска палата“.

„Луксузни згради без луѓе“, вака го опиша она што го виде во Туркменистан.