Бугарските тур-оператори бараат гласачко место во Занзибар


Тур-операторите во Бугарија бараат од власта да отвори место за гласање на престојните избори во Занзибар. Причината е што скоро 600 Бугари веќе имаат закажан лет за Танзанија во изборната недела. Ова ги испровоцира  тур-операторите да се обратат до државната изборна комисија со прашање – дали Бугарите можат да гласаат оттаму, или поедноставно кажано од …

Бугарските тур-оператори бараат гласачко место во Занзибар Read More »

И Модерна ќе испорача помалку вакцини за Европа


Американскиот производител на вакцината Модерна објави дека има проблеми  со снабдувањето со дози на вакцина за коронавируотс во Европа. Швајцарија, Франција, Италија и Полска денеска објавија дека ќе добијат значително помалку единици отколку што се очекуваше во февруари. Канада исто така ќе биде погодена, рече премиерот Џастин Трудо, иако изворот на снабдување таму е различен. …

И Модерна ќе испорача помалку вакцини за Европа Read More »

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ ја разгорува меѓуетничката омраза


Претседателот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов го осуди вчерашното скандирање на протестот за случајот „Монструм“. „Скандирањето “УЧК, УЧК…” за време на било кој протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме …

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ ја разгорува меѓуетничката омраза Read More »

На располагање нови средства за набавен педигриран добиток


Сите фармери кои од септември до декември 2020 година набавиле педигрирани кози и овци ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка за набавениот добиток. Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), крајниот рок за доставување барања е 28 февруари 2021 година. Станува збор за мерката 121 „Инвестиции за …

На располагање нови средства за набавен педигриран добиток Read More »

ОЈО поднесе обвинение против учесник во странска војска баран со потерница


Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена истражна постапка до Основниот кривичен суд достави обвинителен акт против дваесет и четиригодишниот И.Т. од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ и побара да му се продолжи мерката притвор определена од судија …

ОЈО поднесе обвинение против учесник во странска војска баран со потерница Read More »

Протест за „Монструм“ пред ОЈО


Членови на семејствата и поддржувачи на обвинетите во случајот „Монструм“ денеска одржуваат протест пред Oсновнот јавно обвинителство.Протестот започна во 13:30 часот од паркот во Чаир, а учесниците носат транспаренти и знамиња. Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во овој случај, откако Обвинителството во завршните зборови на последното судско рочиште побара највисоки казни за …

Протест за „Монструм“ пред ОЈО Read More »

Џафери: Во април да покажеме дека сме созреале како држава


Информирањето и охрабрувањето на граѓаните за важноста и за значајноста од нивното и вклучувањето на сите институции во успешното спроведување на пописот, не само што е потребно и неопходно, туку е и од витално значење за идното креирање на развојните политики на земјата, засновани врз прецизни податоци за да може да се направат макроекономски планирања …

Џафери: Во април да покажеме дека сме созреале како држава Read More »

Во Тиквешко ќе се инсталираат мерни станици за „паметно“ земјоделство


 Општините од Тиквешијата ќе добијат мерни станици за „смарт“ земјоделско производство. Советот на општина Кавадарци на денешната седница донесе одлука за кофинансирање на регионален проект за инсталирање вакви мерни станици. Проектот чини десет милиони  денари со вклучен данок на додадена вредност. Девет милиони денари ќе се обезбедат од Бирото за регионален развој, милион денари  од …

Во Тиквешко ќе се инсталираат мерни станици за „паметно“ земјоделство Read More »

Во декември годинава се јадело и пиело помалку од лани


Во трговијата на мало, во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, намалување на прометот е забележан кај храната, пијалаците и тутунот номинално за 6,6 отсто, реално за 10 отсто, објави Државниот завод за статистика. Намалување на прометот е забележан и кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 15,8 …

Во декември годинава се јадело и пиело помалку од лани Read More »

Болтон: Бајден нема да се откаже од Балканот


Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон изјави дека новиот претседател Џо Бајден нема да се откаже од Балканот и дека „би било грешка да се препушти Балканот на Европа“. „Многу добро се сеќавам на улогата што (Бајден) ја имаше во Конгресот во 90-тите во однос на конфликтот во (поранешна) Југославија, особено во …

Болтон: Бајден нема да се откаже од Балканот Read More »

Македонски концепт: Најсмешно е кога Бугарија нѐ обвинува за врски со Русија


Загрижувачко е однесувањето на политичкиот врв во Бугарија, коj никако да разберe дека Македонија е независна и суверена држава и ќе прави што сака, во рамки на меѓународно преземените обрски, реагира Македонски концепт по последната изјава на министерката Екатерина Захариева која беше изненадена што нашата држава сака да има добри односи со Србија. „Бугарските политиканти …

Македонски концепт: Најсмешно е кога Бугарија нѐ обвинува за врски со Русија Read More »

ДКСК: Недостига ефикасност во борбата со корупцијата


Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешенел покажува дека, со освоените 35 индексни поени, Македонија стагнира во борбата против корупцијата, но едновремено бележи и пад од пет места на ранг листата на земјите. Според методологијата, за оценката на Северна Македонија користени се седум извори на податоци, а според моменталните расположливи информации пад е забележан …

ДКСК: Недостига ефикасност во борбата со корупцијата Read More »

Пендаровски: Во европска држава не се одземаат стекнати права со попис


Претседателот Стево Пендаровски, на состанокот организиран од Државниот завод за статистика околу пописот, порача дека по консултациите што ги направил со експерти е убеден дека самото законско решение не е пречка да се одржи успешно пописот. -Проблемите не се ниту законски, ниту технички, ниту здравствени, туку во неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста …

Пендаровски: Во европска држава не се одземаат стекнати права со попис Read More »

Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд 


Политичката партија Левица до Уставниот суд  поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за попис. „Сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, како и членот 39 од Уставот кој вели …

Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд  Read More »

Димитров: ЕУ да нѐ европеизира, а не да нѐ балканизира


Вицепремиерот за евроинтеграција Никола Димитров ја повика Европската унија да го исполни принципот на наградување за исполнување на реформите и низ процесот да влијае на воспоставување европски стандарди во земјата, а не дополнително да не балканизира. „Ако историјата добие централно место во процесот на преговарање, прашање е во која мерка тој ќе интегрира или ќе …

Димитров: ЕУ да нѐ европеизира, а не да нѐ балканизира Read More »

Османи му го честиташе изборот на Блинкен


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес упати писмо честитка до Ентони Блинкен, државен секретар на Соединетите Американски Држави. „Ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам срдечни честитки по повод именувањето за државен секретар на Соединетите Американски Држави и воедно, да Ви посакам успех во извршувањето на оваа  одговорна функција“, напиша Османи на …

Османи му го честиташе изборот на Блинкен Read More »

Коце Трајановски негира дека го дал СРЦ на Општината Сарај


Поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, побара од актуелниот Петре Шилегов да го покаже документот, доколку постои, дека СРЦ „Треска“ е дадена на управување од Град Скопје до Општина Сарај. Ваквата реакција на Трајановски во емисијата „Утрински брифинг“ следува по тврдењето на Шилегов дека во 2011 Градот Скопје донел одлука со која што ја префрла надлежноста …

Коце Трајановски негира дека го дал СРЦ на Општината Сарај Read More »

Калеска Ванчева повика на доверба во пописот


Колку и да се спротивставуваме, знам дека никој нема дилема дека пописот ни е многу потребен, дајте еднаш да имаме малку повеќе доверба во нас, во нашите институции, во самите себе и да покажеме пред себе и пред светот дека сме кредибилни, изјави пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. …

Калеска Ванчева повика на доверба во пописот Read More »

Фон дер Лајен: Договорот меѓу ЕУ и Астра Зенека има обврзувачки одредби


Договорот меѓу Европската унија и компанијата „Астра Зенека“ за нејзината вакцина против коронавирус содржи обврзувачки одредби, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и побара објаснување од производителите на лекови за доцнењата во испораката. Таа за радиото Дојчландфанк рече дека договорот содржи многу јасни количини на испорака за декември и првите три квартала …

Фон дер Лајен: Договорот меѓу ЕУ и Астра Зенека има обврзувачки одредби Read More »

Захариева: Не се раскинати врските меѓу Скопје и Белград


Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. „Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на …

Захариева: Не се раскинати врските меѓу Скопје и Белград Read More »