Навални ги повика приврзаниците да ја ослободат Русија од „крадците“


Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е осуден на три години затвор, ги повика своите приврзаници да го надминат стравот и да ја ослободат Русија од „крадците“ на власт. – Тие можат да останат на власт и да ја искористат за свое лично богатење потпирајќи се само на стравот. Но, ние надминувајќи го тој страв можеме …

Навални ги повика приврзаниците да ја ослободат Русија од „крадците“ Read More »

Макрон ја критикува нејасноста на кинеската вакцина


 Францускиот претседател, Емануел Макрон, смета дека кинеската вакцина против Ковид-19 е нејасна и дека постојат евентуални ризици таа да доведе до олеснување во развојот на нови варијанти, јави дописникот на МИА. Францускиот претседател ова го изјави за време на дебата во тинк-тенкот Атлански совет, пренесоа вечерва француските медиуми.  -Апсолутно немам информации за кинеската вакцина. Ова …

Макрон ја критикува нејасноста на кинеската вакцина Read More »

Николовски на средба со Тасева по извештајот за корупцијата


Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот,  Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со   претседателката на „Транспаренси Интернешнл Македонија“, Слаѓана Тасева. На состанокот Николовски и Тасева разговараа за последниот извештај за „Индексот на утврдување на перцепцијата за корупција за 2020 година“. Воедно, на состанокот се разговараше и за меѓународните  искуства и најдобрите практики кои може да …

Николовски на средба со Тасева по извештајот за корупцијата Read More »

Во Мјанмар по воениот удар уапсени најмалку 147 луѓе


Најмалку 147 лица се уапсени во Мјанмар по овонеделниот воен удар, вклучително активисти, пратеници и владини претставници, соопшти денеска Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП). ААПП, кое постои уште од ерата на претходната хунта, соопшти дека уапсени се 133 владини претсатвници и пратеници и 14 граѓански активисти. Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе …

Во Мјанмар по воениот удар уапсени најмалку 147 луѓе Read More »

Борисов се надева догодина да го празнува Гоце Делчев „со браќата во Македонија“


Се надеваме дека заедно со нашите браќа од Северна Македонија, следната година ќе ја прославиме 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод годишнината од раѓањето на големиот револуционер. „Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев – војвода, активист на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу …

Борисов се надева догодина да го празнува Гоце Делчев „со браќата во Македонија“ Read More »

Само 26 „рамковни“ вработени одбиле распоредување на нова позиција


Од вкупно 1.349 административни службеници 1.180 ги потпишаа своите нови решенија за вработување и во рок предвиден со закон тие ќе започнат со работа, а 26 одбија да ги потпишат новите решенија за вработување, информира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. На вработените кои не ги потпишале решенијата, прецизираат, им престанува работниот однос …

Само 26 „рамковни“ вработени одбиле распоредување на нова позиција Read More »

Заглавени во интерпелации


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Од многуте интерпелации ВМРО-ДПМНЕ не успева да види дека надворешната политика и преговорите со Бугарија сега ги води Бујар Османи, а не Никола Димитров   Дванаесетчасовната шуплива расправа во парламентот за третата интерпелација за вицепремиерот Никола Димитров покажа зошто Македонија стои три децении на исто место, додека се движи останатиот свет. Иако и …

Заглавени во интерпелации Read More »

Словенија рабoти на вакцина против коронавирус во форма на спреј за нос


Експерти од Националниот хемиски институт на Словенија планираат да користат своја вакцина против коронавирусот во форма на спреј за нос. Ова го објави словенечката новинска агенција. „Оваа технологија е интересна од научна и техничка гледна точка и веројатно ќе се користи за други вируси и вакцини. На овој начин се подготвуваме за потенцијални идни пандемии …

Словенија рабoти на вакцина против коронавирус во форма на спреј за нос Read More »

Не помина интерпелацијата на вицепремиерот Димитров


Со мнозинство од два гласа вечерва беше одбиено барањето за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Во јаловата повеќечасовна пи-ар расправа чиј епилог беше предвидлив се слушнаа повеќедециниските обвинувања за некакво национално предавство и загрозување на идентитетот, овојпат главно поврзани со Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија. На говорот на пратеникот …

Не помина интерпелацијата на вицепремиерот Димитров Read More »

Костадинов: Какви и да се резултатите од пописот, стекнатите права нема да се ускратуваат


  ВМРО-ДПМНЕ како и секоја партија во Собранието има деловничка можност преку пратениците да поднесе предлог закон и затоа нивната операција за собирање потписи се надевам дека не е од незнаење, туку е потреба на Христијан Мицкоски да си го преброи лојалното членство, порача вечерва пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов во емисијата „Само …

Костадинов: Какви и да се резултатите од пописот, стекнатите права нема да се ускратуваат Read More »

Димитров до Милошоски: Го палиш пожарот, па бараш отчет од тој што го гаси


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го обвини министерот Никола Димитров дека е виновен што Историската комисија меѓу Бугарија и Македонија постигнала технички напредок  кој, според него, се состои во тоа што се откажала од терминот Македонска историска  комисија бидејќи преку уставниот закон за спроведување на амандманите во 2019 година Димитров им го овозможил тоа на …

Димитров до Милошоски: Го палиш пожарот, па бараш отчет од тој што го гаси Read More »

Димитров: По 14 години македонскиот јазик за првпат е напишан во документ на ЕУ


„Еден од резултатите на Преспанскиот договор меѓу другото е и тоа што по комплетирањето на тој процес, службите во Европската Унија во Брисел излегоа со меѓуинституционален водич за употреба на името и терминологиите каде јазикот е кристално чист македонски јазик и врз основа на тоа Европската комисија како чувар на принципите, стандардите и темелните документи …

Димитров: По 14 години македонскиот јазик за првпат е напишан во документ на ЕУ Read More »

САД привремено ја замрзнуваат одлуката за повлекување војници од Германија


Новата американска администрација во моментов ја замрзнува минатогодишната одлука за повлекување значителен број на војници од американските трупи во Германија, изјави во денешниот телефонски брифинг командантот на Европската команда на вооружените сили на САД, генерал Тод Волтерс. Тој истакна дека одлуката за повлекување на американските трупи од Германија е „замрзната“ и оти администрацијата на претседателот …

САД привремено ја замрзнуваат одлуката за повлекување војници од Германија Read More »

Заев очекува деновиве да стигне писмената потврда од „Фајзер“ за вакцините од Србија


Премиерот Зоран Заев очекува овие денови да стигне писмената потврда од „Фајзер“ за да може вакцините од оваа компанија, кои треба да пристигнат од Србија, да ги користат здравствените работници. Верува дека вакцинацијата ќе започне месецов, а како што денеска изјави, позитивни вести се очекуваат и од Европската унија. Првите дози од директните преговори со …

Заев очекува деновиве да стигне писмената потврда од „Фајзер“ за вакцините од Србија Read More »

Димитров: Добро што не се сетивте да поднесете интерпелација и на ЕК!


Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, на денешната седница на Собранието на која се разгледува интерпелацијата поднесена за него од ВМРО-ДПМНЕ, го нарече панаѓур на некомпетентност канењето да учествува на расправа за спорот со Бугарија на Комисијата за надворешни работи. -Вие тврдите дека сум бил уредно поканет на седница на Комисијата за надворешна политика, сум бил …

Димитров: Добро што не се сетивте да поднесете интерпелација и на ЕК! Read More »

СДСМ за индексот на „Економист“: Пофалби за изборите, минуси за политичката култура и лажните вести


СДСМ реагира на новиот индекс на демократија на „Економист“ во кој земјата и натаму е вброена во хибридни режими. Според владеечката партија, „Економист“ ги пофалил изборите, но поради недостигот на политичка култура во земјата бележиме минуси.   -Индексот на демократија на „Економист“ нотира пофалби за Република Северна Македонија како успешен пример поради начинот на кој беа …

СДСМ за индексот на „Економист“: Пофалби за изборите, минуси за политичката култура и лажните вести Read More »

Случајот „Монструм“ е исконструиран и нема доволно докази, тврди одбраната


 Случајот „Монструм“ е целосно исконструиран и синоним на случајот „Драјфус“, со тоа што има подалекусежни последици бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен затвор, порача денеска одбраната во завршни зборови за „Монструм“. Според нив, очигледно е дека обвинителството не обезбедило доволно докази и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен …

Случајот „Монструм“ е исконструиран и нема доволно докази, тврди одбраната Read More »

СДСМ очекува лаги и неосновани напади околу интерпелацијата на Димитров


Како и во изминатите две интерпелации така и во оваа за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров очекуваме неосновани напади и лажни вести од опозицијата, имајќи предвид дека досега за ниедно прашање коешто беше од исклучителен интерес за нашата држава и за граѓаните, опозицијата никогаш немаше став, се занимаваше само со критики и со гол …

СДСМ очекува лаги и неосновани напади околу интерпелацијата на Димитров Read More »

Захариева: Не сме среќни што му кажавме не на Скопје


Бугарија не е задоволна од фактот дека мораше да каже „не“ за почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската унија, рече министерката  за надворешни работи Екатерина Захариева во „Контраинтервју“. Таа за проблемите меѓу Софија и Скопје ги обвини Македонците бидејќи според неа не го исполнуваат Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година. …

Захариева: Не сме среќни што му кажавме не на Скопје Read More »

Независноста може да ја чини економијата на Шкотска 11 милијарди фунти годишно


  Економијата на Шкотска ќе загуби најмалку 11 милијарди фунти годишно доколку стане независна држава. Тоа е повеќе од двојно поголема штета предизвикана од Брегзит, предвидува тим економисти, пишува лондонскиот весник „Гардијан“. Во извештајот на Лондонската школа за економија и на Градскиот универзитет во Хонгконг се наведува дека напуштањето на заедничкиот пазар на Велика Британија …

Независноста може да ја чини економијата на Шкотска 11 милијарди фунти годишно Read More »