Вучиќ лут на Турција за продажбата на дронови на Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Турција дека не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува да го обнови Отоманското Царство откако Косово ги доби првите борбени дронови од турско производство.   Вучиќ, кој пред една година се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој тогаш збореше за златна доба во односите помеѓу …

Вучиќ лут на Турција за продажбата на дронови на Косово Read More »

Ѓорѓиевски најави уште еден мега парк и „Скопски зелен архипелаг“


  Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа од Карпош ја претстави својата визија за иднината на главниот град, најавувајќи низа проекти насочени кон зелена трансформација, современа инфраструктура и подобар квалитет на живот за граѓаните.   „Ми претставува особена чест што сум вечерва во Карпош, општината која отсекогаш била симбол на урбаниот дух, …

Ѓорѓиевски најави уште еден мега парк и „Скопски зелен архипелаг“ Read More »

ЗНАМ промовира прва ВИ-платформа за дијалог со граѓаните “Прашајте го градоначалникот со GPT“


Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“, со што се отвора ново поглавје во дигиталната демократија и политичката транспарентност во земјата. – Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. …

ЗНАМ промовира прва ВИ-платформа за дијалог со граѓаните “Прашајте го градоначалникот со GPT“ Read More »

И Стевчо Јакимовски и Сотир Лукровски најавуваат победа


Во време кога опозицијата ја пласира приказната дека „ВМРО-ДПМНЕ води во Карпош“, кандидатот Стевчо Јакимовски цврсто се држи до резултатите од својата работа и најавува убедлива победа уште во првиот круг. Јакимовски истакнува дека неговиот мандат зборува сам за себе, со реализирани проекти, инфраструктурни вложувања, чисти улици и грижа за животната средина. Неговата екипа потенцира …

И Стевчо Јакимовски и Сотир Лукровски најавуваат победа Read More »

Уапсена сопругата на нападнатиот кандидат на ДУИ поради вмешаност во обидот за убиство


Сопругата на лекарот и носител на советничка листа на ДУИ, Зеќирија Шахини, кој вчера беше нападнат и ранет со пиштол во центарот на Куманово, е уапсена, соопшти денеска полицијата.Според МВР, за тетовчанката А.А. има сомневања дека е вмешана во обидот за убиство на нејзиниот сопруг. Шахини беше нападнат вчера, кога маскиран човек со пиштол се доближи …

Уапсена сопругата на нападнатиот кандидат на ДУИ поради вмешаност во обидот за убиство Read More »

Александар Даштевски, Наташа Габер и Тони Менкиноски меѓу кандидатите за судија во Стразбур


Судии, обвинители, адвокати, но и деканот на Правниот факултет, Сашо Георгиевски се пријавија на повторениот оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Вкупно биле пријавени 20 кандидати, а 11 од нив го поминаа првиот филтер на Комисијата. На интервју на 20 октомври треба да одат …

Александар Даштевски, Наташа Габер и Тони Менкиноски меѓу кандидатите за судија во Стразбур Read More »

Мицкоски кокетира со идејата за предвремени парламентарни избори


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиригодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата. „Очекувам по овие локални избори …

Мицкоски кокетира со идејата за предвремени парламентарни избори Read More »

Дојава за бомба до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Во зградата на ЈП за Државни патишта, во центарот на Скопје, во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ било пријавено дека е поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава на терен се полицијата и екипите на антитерористичката единица при МВР. – Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео …

Дојава за бомба до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Судот одбил дел од тужбата на Левица против АВМУ


Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври донел Решение со кое како неоснован го одби предлогот од тужбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за издавање привремена мерка со која на АВМУ ќе ѝ се забрани: до комерцијалните медиуми да го достави Упатството за радиодифузерите за локалните избори …

Судот одбил дел од тужбата на Левица против АВМУ Read More »

За ДУИ нападот на Шахини е обид за атентат, бараат од МВР да не го релативизира


Длабоко сме загрижени и потресени од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на советничката листа во Општина Липково, д-р Зеќирија Шахини, кој беше застрелан од маскирано лице и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност, но самиот факт што во сред изборна кампања се случува ваков атентат претставува сериозен аларм за демократијата, …

За ДУИ нападот на Шахини е обид за атентат, бараат од МВР да не го релативизира Read More »

Шукова најавува дигитализација „ Скопје без хартија “


  Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска пред медиумите говореше за отворено и технолошки напредно Скопје преку иницијативата „Скопје без хартија дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма.   „Мојата визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо град што им служи на граѓаните,“ истакна …

Шукова најавува дигитализација „ Скопје без хартија “ Read More »

Османи го претстави клучниот проект „Плоштад Лирија“


Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, го претстави еден од најамбициозните инфраструктурни проекти во поновата историја на општината, „Плоштадот Лирија“ и подземната сообраќајница кај Чаирчанка, визија која ќе го деблокира најголемиот сообраќаен проблем во Чаир и ќе создаде современ и функционален градски центар. „Повеќе од две децении, повеќе од 20 години, Чаир живее …

Османи го претстави клучниот проект „Плоштад Лирија“ Read More »

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив


Македонецот Мартин Сипковски (21)  кој загина од експлозија што се случи на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград имал кај себе околу 1,5 килограми експлозив „Пентрит“, што го разнесе изнајмениот стан, објавија белградски медиуми. Неговиот идентитет беше утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонската …

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив Read More »

Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно


Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за …

Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно Read More »

ДУИ ја паузираат кампањата поради нападот на нивниот кандидат во Липково


ДУИ ги стопира сите денешни активности по вооружениот напад врз нивниот кандидат во Липково. Од партијата велат дека одлуката е знак на солидарност и протест, сè додека институциите не преземат конкретни мерки за враќање на довербата и безбедноста. Тие упатија и апел до поддржувачите да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации. Кандидатот и …

ДУИ ја паузираат кампањата поради нападот на нивниот кандидат во Липково Read More »

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?


Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговорност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, регира СДСМ на пораката од министерот дека нема намера да дава оставка и дека барањето на опозицијата било хистерично.   -Последиците од партизацијата …

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност? Read More »

Муцунски на министерски состанок во рамки на Берлинскиот процес


Денеска и утре во Белфаст ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, на кој ќе учествува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со европската безбедност, помирувањето, регионалната и европската интеграција, како и за справувањето со нелегалната миграција, во контекст …

Муцунски на министерски состанок во рамки на Берлинскиот процес Read More »

Бела куќа: Федералните работници кои се на принуден одмор немаат право на заостанатите плати


Федералните работници кои се на принудно отсуство  во текот на прекинот на работата на американската Влада можеби нема автоматски да добијат надомест, се наведува во нацрт-меморандумот на Белата куќа, во кој увид имаше Аксиос. Според документот, Белата куќа верува дека законот познат како Закон за фер третман на државните службеници (GEFTA) од 2019 година не …

Бела куќа: Федералните работници кои се на принуден одмор немаат право на заостанатите плати Read More »

„Брисел тајмс“: Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаните затвори


Белгиската влада ја разгледува можноста за изградба или закуп на затвори во странство, евентуално во Косово или во Албанија, со цел да се реши проблемот со пренатрупаноста во локалните затвори, наведува „Брисел тајмс“. Министерката за правда, Анелиз Верлинден, и министерката за миграција, Анелиз ван Босит, започнаа тридневна мисија во Косово и во Албанија за да …

„Брисел тајмс“: Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаните затвори Read More »

Уапсени двајца скопјани – запалиле три возила во Аеродром


На 8 октомври во 2:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ …

Уапсени двајца скопјани – запалиле три возила во Аеродром Read More »