Ковачевски: Лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има


Лидерска средба може да има, но за прашања кои се стратешки, за прашања кои значат подобар живот на граѓаните и кои значат за справување со енергетската криза. Меѓутоа, лидерска средба заснована на уцени и закани, а го гледаме претседателот на ВМРО ДПМНЕ одбројува како во некој лош акционен филм, таква лидерска средба нема да има. …

Ковачевски: Лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има Read More »

За Трајко Славевски имало поголеми кризи од актуелните во Македонија


Не треба да се тврди од страна на владата дека ова е најтешката и најдлабоката криза со која што се соочила Македонија последните 30 години, порача денес Трајко Славевски,член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина“.  Според …

За Трајко Славевски имало поголеми кризи од актуелните во Македонија Read More »

За СДСМ анкетата на ИПИС е лажирана и нарачана


Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета според која 39,1 отсто од граѓаните сакаат предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане истата власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“. Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 …

За СДСМ анкетата на ИПИС е лажирана и нарачана Read More »

Бежоска: Македонската економија со забавен раст


Македонската економија нема да остане имуна и секако ќе ги почувствува последиците од руско-украинската криза. Очекуваме забавување на економскиот раст, како и забрзување на инфлацијата, посочи во изјава за ХТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Десетиот регионален состанок на гувернерите на централни банки, кој се одржува во Ровињ, Хрватска. На овогодишниот состанoк …

Бежоска: Македонската економија со забавен раст Read More »

Курц ја исклучи можноста за враќање во политиката


Поранешниот австриски канцелар и поранешен лидер на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц во првото интервју по повлекувањето од политичката сцена ја отфрли можноста за враќање и тоа засекогаш. За виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, Курц ги отфрли гласините дека би можел да се врати на политичката сцена на претстојното собрание на ОВП, …

Курц ја исклучи можноста за враќање во политиката Read More »

Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, пристигна во Киев


Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, денеска пристигна во Киев, каде што е планирано да учествува на одбележувањето на 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Европа, јави ДПА. Социјалдемократската политичарка е вториот највисок претставник на Германија по претседателот, а до овој момент и најважниот германски политичар што ја посетил Украина од почетокот на …

Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, пристигна во Киев Read More »

Стерјовски: Македонец претседател на Албанија, зошто да не, во Црна Гора избраа Албанец за премиер


Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската национална телевизија МЦН, на прашањето во врска со предлогот на партијата Македонец да биде кандидат за иден шеф на државата, прави споредба со изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора. -Зошто да не. Неодамна го имавме …

Стерјовски: Македонец претседател на Албанија, зошто да не, во Црна Гора избраа Албанец за премиер Read More »

Бомбардирано училиште во Луганск, се стравува дека има 60 мртви


Се стравува дека 60 лица загинале во воздушен напад врз училиште во областа Луганск, кое служело како засолниште за цивили, јави ДПА. -Во училиштето засолниште од нападите побараа околу 90 лица, изјави Сегеј Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, додавајќи дека 30 лица се извлечени од под урнатините, а седум од нив биле …

Бомбардирано училиште во Луганск, се стравува дека има 60 мртви Read More »

Сите цивили евакуирани од „Азовстал“, војниците ќе се борат


Сите стари луѓе, жени и деца се евакуирани од опколената челичарница „Азовстал“ во Мариупол, соопштија Украина и Русија. Операцијата почна пред една недела, во координација со Обединетите нации и Црвениот крст, кои засега не ја потврдија информацијата.   Во фабриката остануваат преостанатите бранители на Мариупол, чија точна бројка не е позната и тие кажаа дека …

Сите цивили евакуирани од „Азовстал“, војниците ќе се борат Read More »

Лидерите на Г7 денес на самит со Зеленски


Лидерите на групата индустриски најразвиени земји Г7 денеска имаат закажана видеоконференциска врска, на која се очекува во фокусот на нивните разговори да биде загриженоста од руската инвазија врз Украина, пренесе ДПА. На онланј настанот , исто така, се очекува линковски да се појави и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе треба да ги информира лидерите …

Лидерите на Г7 денес на самит со Зеленски Read More »

Директорката на Европол порачува: Треба да се следат парите на криминалците


 Животната средина и областа на криумчарење мигранти се сфери во кои Европол има најдобра соработка со полицијата на Северна Македонија. Потребно е поголемо инвестирање и зајакната соработка во областите на економскиот и финансискиот криминал, порача во интервју за МИА извршната директорка на Европската агенција за спроведување на законот – Европол, Катрин де Бол. -За да …

Директорката на Европол порачува: Треба да се следат парите на криминалците Read More »

Шин Фејн за првпат освои најголем број места во парламентот на Северна Ирска


Ирската националистичка партија Шин Фејн, која е за обединување со Ирска, на локалните избори што се одржаа во четвртокот освои 27 од бкупно 90 места во парламентот на Северна Ирска, додека Демократската унионистичка партија, која две децении доминираше во законодавниот дом, освои 24 места. Победата на Шин Фејн значи дека тие сега има право да …

Шин Фејн за првпат освои најголем број места во парламентот на Северна Ирска Read More »

Русија уништила околу 200 места на украинското културно наследство


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека речиси 200 места од украинското културно наследство биле погодени или уништени откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата врз неговата земја, пренесе ДПА. -До 7 мај руската армија уништи или оштети речиси 200 места на културно наследство, рече Зеленски во ноќешното видео обраќање до нацијата од Киев. Меѓу …

Русија уништила околу 200 места на украинското културно наследство Read More »

Улична трка „HalkEcoСкопје“


Во Скопје денеска ќе се одржи уличната трка „HalkEcoСкопје“ 10КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К.Работнички.На трката ќе учествуваат 1300 лица. Патеката на движење: Стартот на трката е во 9 часот пред фонтана „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крај на Бул. Илинден и се …

Улична трка „HalkEcoСкопје“ Read More »

“Фантомите“ и хеликоптерите од воената вежба денес можат да се видат на Стенковец


На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“. На Отворениот ден ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД …

“Фантомите“ и хеликоптерите од воената вежба денес можат да се видат на Стенковец Read More »

Почна одбројувањето за спорот со Бугарија, Османи ја губи трпеливоста


Конкретен дијалог и конкретни чекори за решавање на спорот со Бугарија се очекуваат наредниве две недели, како и одржување на втората меѓувладина седница до крајот на овој месец. Ова го најави вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој меѓудругото порача дека ова лето Северна Македонија ќе ги чека Бугарија и Европската Унија да го …

Почна одбројувањето за спорот со Бугарија, Османи ја губи трпеливоста Read More »

Свечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во Украина


Свечен настан во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба, соопшти Амбасадата на Украина. Во рамки на настанот ќе биде отворена изложба на фотографии „XXI век. Европа. Непростливо злосторство “. – Ние, Украинците, се сеќаваме каква страшна …

Свечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во Украина Read More »

Велика Британија вети дополнителни 1,3 милијарда фунти помош за Украина


Обединетото Кралство вети дека ќе обезбеди дополнителни 1,3 милијарда фунти воена поддршка и помош за Украина. Британскиот премиер Борис Џонсон е еден од најгласните поддржувачи на отпорот на Украина кон руските сили откако рускиот претседател Владимир Путин ја нападна оваа земја на 24 февруари. Владата на Џонсон досега испрати противтенковски ракети, систем за противвоздушна одбрана …

Велика Британија вети дополнителни 1,3 милијарда фунти помош за Украина Read More »

Ковачевски не го есапи ултиматумот на Мицкоски, му порача да се фати за работа


Премиерот Димитар Ковачевски и натаму одбива да одговара на ултиматумите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој  му брои денови и го уценува за предвремени избори.На новинарско прашање дали е можно свикување лидерска средба со сите партии, Ковачевски рече дека можат да разговараат со сите партии и дека и  денеска имал состаноци со претседатели на …

Ковачевски не го есапи ултиматумот на Мицкоски, му порача да се фати за работа Read More »

Кремљ упорен: „Воената операција во Украина се одвива според планот“


Спротивно на оценките на многу меѓународни експерти, Кремљ изрази задоволство од она што го направи неговата војска во Украина повеќе од 10 недели по почетокот на војната, јави ДПА. – Операцијата се одвива според планот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска во Москва. Инвазијата на соседната земја, која по наредба на рускиот претседател Владимир Путин почна …

Кремљ упорен: „Воената операција во Украина се одвива според планот“ Read More »