За речиси половина од Американците трошоците за живот се највисоки од кога било досега


Нова анкета покажува дека речиси половина од Американците велат дека трошоците за живот се „најлоши од кога било досега“. Нова анкета на Политико покажува дека 46% од анкетираните Американци велат дека трошоците за живот се „најлошите што можат да се сетат“. Уште повеќе, 37% од гласачите на Трамп го делат тој став. Слично на тоа, …

За речиси половина од Американците трошоците за живот се највисоки од кога било досега Read More »

Во Шпанија разбиена криминална мрежа која принудувала мигранти да работат во робовски услови


 Шпанската полиција разби криминална мрежа обвинета за принудување на стотици мигранти да работат на фарми во источна Шпанија во нехумани и робовски услови. Полицијата уапси 11 лица и идентификуваше повеќе од 300 потенцијални жртви, од кои најголемиот број се од Непал. Мигрантите влегле во Шенген зоната со туристички визи пред да бидат однесени во рурални …

Во Шпанија разбиена криминална мрежа која принудувала мигранти да работат во робовски услови Read More »

Секој трети граѓанин во земјава дал мито


Секој трети граѓанин во Македонија дал одреден вид мито за да му се заврши некоја работа. Ова го покажуваат податоците на најновниот извештај за проценка на корупцијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка, чиј мал дел изнесе денеска директорот на МЦМС, Александар Кржаловски на настанот посветен на Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 …

Секој трети граѓанин во земјава дал мито Read More »

Русија подготвува одмазда ако се користат замрзнатите сретства


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека „нелегалните дејствија“ на Европската Унија во врска со замрзнатите руски средства ќе предизвикаат „најостра реакција“ од Русија и дека Москва веќе подготвува одмазднички мерки. Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц ја одложи својата посета на Норвешка утре, изјави портпарол на германската влада. Наместо …

Русија подготвува одмазда ако се користат замрзнатите сретства Read More »

Берлин е подготвен да ги користи руските средства замрзнати во Германија за да ѝ помогне на Украина


Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска изјави дека Берлин е теоретски подготвен да ја разгледа можноста руските државни средства замрзнати во Германија да бидат ставени на располагање на фондот за воени репарации за Украина, како што предлага Брисел, објави ДПА. Меѓутоа, плановите на Европската комисија прво мора да се разгледаат, рече Вадефул пред годишниот …

Берлин е подготвен да ги користи руските средства замрзнати во Германија за да ѝ помогне на Украина Read More »

Украински новинари ја „уловија“ ќерката на Путин во Париз (ВИДЕО)


Вонбрачната ќерка на Путин, Јелиусавета Кривоногих, беше пресретната од украински новинари во Париз кои меѓудругото ја прашаа дали е подготвена да дојде во Киев за да биде „како воздушна одбрана“, алудирајќи на стотиците ракети што Русија продолжува да ги испукува кон Украина. Кривоногих, која го криеше лицето со маска, одговори дека „не може да помогне …

Украински новинари ја „уловија“ ќерката на Путин во Париз (ВИДЕО) Read More »

Бугарија, Грција и Романија ќе градат коридор од Егејот до Црно Море


Во услови на зголемена геополитичка неизвесност, Бугарија, Грција и Романија се обврзаа брзо да развијат стратешки транспортен коридор север-југ што ги поврзува Егејското Море со Црното и Балтичкото Море. Трите земји на 3 декември во Брисел потпишаа Меморандум за разбирање во рамките на новосоздадената платформа за коридор Црно Море-Егеј, со силна поддршка од Европската комисија …

Бугарија, Грција и Романија ќе градат коридор од Егејот до Црно Море Read More »

Грчките земјоделци повторно го затворија граничниот премин Евзони, можни блокади и на Ники (Меџитлија)


Земјоделците од северниот дел на Грција, односно од регионот на Пеонија, оние кои веќе четврти ден нивните трактори ги имаат паркирано на грчката страна од граничниот премин Евзони (Богородица), денеска повторно ја затворија границата за сообраќај од и кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата започна кусо по 13 часот по локално …

Грчките земјоделци повторно го затворија граничниот премин Евзони, можни блокади и на Ники (Меџитлија) Read More »

Трамп го претвори политичкото водство во поглаварство, Европа е немоќна


Новинарите не се политичари или дипломати, и кога царот е гол, треба веднаш и директно да го кажат тоа – како детето од бајката на Андерсен. I јас ќе го направам тоа. Европа е сама пред војната во Украина. Трансатлантските односи се прекинати. Соединетите Американски Држави со претседателот Доналд Трамп не само што не се …

Трамп го претвори политичкото водство во поглаварство, Европа е немоќна Read More »

Николовски ќе тужи членови на ВМРО-ДПМНЕ: Името ми го валкаат со измислици


Поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски најави тужби кон членови од ВМРО-ДПМНЕ за, како што вели, неразумните обвинувања и тенденцијата неговото име да се валка со измислици и лажни тврдења. „Наместо да ја согледаат реалната состојба и да преземат конкретни чекори по моите укажувања за проблемите со ИПАРД, неисплатените субвенции …

Николовски ќе тужи членови на ВМРО-ДПМНЕ: Името ми го валкаат со измислици Read More »

Корупцијата во Македонија преживува бидејќи е профитабилна за власта


Во сенка на руските ракетни напади, скандал со  корупција го собори шефот на кабинетот на претседателот Володомир Зеленски, Андриј Јермак, само неколку недели откако беше откриена роневера во државниот нуклеарен гигант „Енергоатом“. На 28 ноември Зеленски ја објави оставката на Јермак, неколку часа откако агентите за борба против корупцијата извршија рација во неговиот дом во …

Корупцијата во Македонија преживува бидејќи е профитабилна за власта Read More »

Бугарија сака да ја преземе контролата врз гасниот интерконектор со Грција


Бугарија е сведок на внимателно оркестриран обид за преземање на политичка контрола врз Грчко-бугарскиот интерконекторски систем (IGB), единствениот дел од гасоводна инфраструктура што сè уште гарантира снабдување со неруски гас за земјата и поширокиот регион. Движечката сила зад овој потег е познатото владино дуо на поранешниот премиер Бојко Борисов и политичарот санкциониран од Магнитски, Делјан …

Бугарија сака да ја преземе контролата врз гасниот интерконектор со Грција Read More »

Новиот претседател на ДКСК сака да ја поправи оценката од ЕУ


Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Адем Чучуљ денеска даде свечена заклетва пред претседателот на Собранието Африм Гаши. Најавува дека заедно со неговиот тим ќе бараат интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции. – За мене претставува, пред се, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав …

Новиот претседател на ДКСК сака да ја поправи оценката од ЕУ Read More »

Стуб: Политичките решенија за Украина ќе бидат „тешки за варење“


  Финскиот претседател Александар Стуб порача дека политичките и дипломатските решенија во конфликтот во Украина ќе бидат „тешки за варење“, предупредувајќи дека јавноста не смее да негува илузии за „совршен“ мир за Киев. „Многумина од нас тешко ќе го сварат ова, но запомнете дека за Украинците ќе биде уште потешко“, рече Стуб, нагласувајќи дека исходот …

Стуб: Политичките решенија за Украина ќе бидат „тешки за варење“ Read More »

Британија повторно флертува со ЕУ – но Брисел има поважна работа


  ЛОНДОН – Кир Стармер им ветува на британските гласачи дека ќе ја поправи дупката во економијата на Велика Британија во облик на „Брегзит“, но се чини дека Брисел има доволно работа. Денови откакобеа утврдени мрачните перспективи за раст на Велика Британија  премиерот на земјата одржа два говора ветувајќи поблиски врски со Европската Унија и …

Британија повторно флертува со ЕУ – но Брисел има поважна работа Read More »

СДСМ го нарече Груевски „beauty influencer“ и трендсетер


  СДСМ денес повторно го спомена екс-премиерот Никола Груевски за да ги засили тврдењата дека актуелниот Христијан Мицкоски само е негов извршител и ги следи истите политики. Претходно Груевски во долг пост на фејсбук пишуваше против СДСМ. „Никола Груевски, некогашниот ‘голем’ премиер на Македонија, човекот што така ‘мајсторски’ ја зави земјата во црнило, ја остави …

СДСМ го нарече Груевски „beauty influencer“ и трендсетер Read More »

Камерите од „Сејф сити“ уловија рекордер – возел 231 километри на час


Камерите од системот „Сејф сити“ го регистрираа рекордерот во брзо возење – 231 км/ч на скопската обиколница на први декември, открија во гостувањето на ТВ Телма началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов и државниот советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Владимир Велковски. Податоците кои се добија за само …

Камерите од „Сејф сити“ уловија рекордер – возел 231 километри на час Read More »

Бугарите повторно на улица, врие во целата држава


 Бугарија е во најголемата политичка криза во последните две години. Масовните граѓански протести што почнаа како реакција на контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, за кратко време прераснаа во барање за итна оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и за предвремени парламентарни избори. Вечерва, како и вчера, илјадници граѓани излегоа на улиците во Софија и …

Бугарите повторно на улица, врие во целата држава Read More »

Гутереш: Крајот на војната во Украина мора да биде во согласност со меѓународното право


Крајот на војната во Украина треба да биде во согласност со меѓународното право, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. – Верувам дека сè уште сме далеку од решение, рече Гутереш на конференцијата „Ројтерс некст“ во Њујорк. Гутереш додаде дека САД одиграле клучна улога во отстранувањето на пречките за испорака на помош во …

Гутереш: Крајот на војната во Украина мора да биде во согласност со меѓународното право Read More »

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот


Американски конгресмени на расправа во Претставничкиот дом на САД ја повикаа администрацијата на Доналд Трамп да се ангажира повеќе на Западен Балкан со цел да се стабилизира регионот, со оценки дека најголемата дестабилизација доаѓа од Русија преку Србија. Македонија беше посочена како клучен НАТО-сојузник, чија стабилност е од витално значење за отпорноста на целото јужно …

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот Read More »