МВР го уапсија лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“


Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С.(43) од Скопје, кој вчера вечер упадна во редакцијата на „Инфомакс“, додека траеше емисијата во живо. „Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С.(43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23,45 часот од страна на А.М., водител на емисија …

МВР го уапсија лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“ Read More »

ЕУ ќе го поништи правото на вето за парите на Русија


Земјите од ЕУ брзаат да ја донесат одлуката за неопределено мобилизирање на заробените руски средства во вредност од 210 милијарди евра така што ќе се обидат да го заобиколат унгарскиот премиер Виктор Орбан, дури и пред  да се состанат на самит следната недела. Избрзаниот напор за усвојување на законодавство – кое повикува на вонредни овластувања …

ЕУ ќе го поништи правото на вето за парите на Русија Read More »

Уапсени тројца Бугари во чии возила се затекнат


Уапсени се тројца бугарски државјани во Демир Хисар. Се сомничат за кражба и незаконско изнесување на добра што се водат како македонско културно наследство. Имено, полицијата вчера ги затекнала тројцата Бугари кои во две возила од кои едното било комбе – имале поголема количина предмети и делови од народна носија, за кои осомничените не можеле …

Уапсени тројца Бугари во чии возила се затекнат Read More »

Зошто Трамп е лут на регулативите на Европа?


Речиси секојдневните напади од САД кон ЕУ и заканите со царини создадоа илузија дека брисел е неправеден кон оваа држава и дека за да ги заштити профитите само на своите фирми, наметнува разни забрани за производи во САД. Заради „мир во кужата“ во ЕУ не излегоа со поконкретни објаснувања, но на твитер се појави шеговито …

Зошто Трамп е лут на регулативите на Европа? Read More »

Јавен обвинител ќе се избира на јавен оглас, најави Мицкоски


Главен јавен обвинител ќе биде избиран на јавен повик, на кој ќе може да се пријави секој оној кој ќе ги исполнува условите согласно закон и согласно објавениот повик, најави денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите во врска со предлогот на Владата за разрешување на главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Премиерот рече …

Јавен обвинител ќе се избира на јавен оглас, најави Мицкоски Read More »

Зелен хуман град бара да се забранат огнометите


ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД преку својот претставник во Советот на Град Скопје, Марјан Калевски, поднесе Иницијатива за забрана на огномет на територија на градот со која се забранува употреба на експлозивни материи од страна на физички или правни лица со цел одбележување прослави или каков било вид на забава.   „Oгнометите предизвикуваат значително загадување на животната …

Зелен хуман град бара да се забранат огнометите Read More »

Мицкоски трајно ќе ја напушти политика ако Филипче најде еден мигрант до пролет


Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на Венко Филипче кој рече дека кампови за мигранти ќе нема бидејќи ќе бидат сместени во социјални станови и дека договорот со велика Британија е веќе потфрлен и се чекаат предверемни избори до пролет. „Еве ќе му оставам до пролет простор на Филипче, заедно со Фрчкоски и со Жерновски да …

Мицкоски трајно ќе ја напушти политика ако Филипче најде еден мигрант до пролет Read More »

Можни се излезни решенија за ЕУ, тврди Сиљановска


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е можна промена на заклучоците на ЕУ за земјава, како и излезно решение за проблемот со Бугарија, но оти одлуката за тоа не ја носиме ние. – Од наша призма можно е да се смени заклучокот, но не ја носиме ние одлуката. Точно е дека ние сме разговарале за …

Можни се излезни решенија за ЕУ, тврди Сиљановска Read More »

Фетаи: Предлогот за разрешување на Коцевски е добро образложен, очекувам да помине


Мислам дека целиот проблем околу корупцијата на високо ниво се состои во правосудниот систем. Затоа е и покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител. Мислам дека судскиот систем треба да се реформира. Работиме во таа насока со нашите партнери, изјави денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарски …

Фетаи: Предлогот за разрешување на Коцевски е добро образложен, очекувам да помине Read More »

Сиљановска: Обвинителот треба да е отпорен на политички влијанија


Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарско прашање каква личност смета дека треба да биде на …

Сиљановска: Обвинителот треба да е отпорен на политички влијанија Read More »

„Анима Мунди“: Денес се одлучува дали убиството на коњите ќе биде казнето или затскриено


Денес, во Кривичниот суд, продолжува судењето за грозоморно убиените коњи во ЗОО Скопје – животни кои биле под институционална грижа, а завршија убиени: измачувани, заклани на најбрутален можен начин, велат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди. „Ова не е обично рочиште – ова е момент кога државата ќе покаже дали е способна да …

„Анима Мунди“: Денес се одлучува дали убиството на коњите ќе биде казнето или затскриено Read More »

Филипче најави протест против мигрантите


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави денес протести во Македонија ако власта не излезе транспарентно со податоци околу договорот што го има со велика Британија и кој, според британските медиуми, опфаќа и испраќање одбиени азиланти, т.е. мигранти. Филипче оцени дека Владата фрла магла и лажно го негира договорот за кон имале потврда и од …

Филипче најави протест против мигрантите Read More »

Филипче ја нарече „партиски притисок“ најавата за смена на Коцевски


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи дека процесот е резултат на партиски притисоци и дека тоа ја загрозува независноста на правосудството. Според него се што презема ВМРО-ДПМНЕ во правосудството не е реформа и не води никаде, посочувајќи го како аргумент фактот дека ниту една …

Филипче ја нарече „партиски притисок“ најавата за смена на Коцевски Read More »

Левица згрозена од повикот за веселба на премиерот по расправата за Кочани


Левица реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната расправа за Кочани во Анкетната комисија  кој бараше од новинарите да зборуваат за убави работи.   „Во неверување сме од крајно несоодветната и нечувствителна изјава на премиерот ) Мицкоски, дадена по излегувањето од седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на …

Левица згрозена од повикот за веселба на премиерот по расправата за Кочани Read More »

Мајките од Кочани го повикаа и Мицкоски на одговорност


  „Денес не видовме ништо од нашата правда. Ако не си го кажеме и нашето – толку ќе биде“. Со овие зборови мајка на едно од загинатите деца во Кочани ја опиша денешната расправа на Постојаната анкетната комисија на Собранието за трагедијата во „Пулс“, на која дојде целиот државен врв, се фотографираа и си заминаа …

Мајките од Кочани го повикаа и Мицкоски на одговорност Read More »

Филипче: Скандалозно е граѓаните да дознаат за мигрантите од странски медиуми


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е владата на ВМРО-ДПМНЕ со нејзините тајни преговори, разговори и договори, истакна претседателот на СДСМ,Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека наместо конкретни и јасни одговори, власта ја нападна СДСМ со црна кампања. „Кога првпат …

Филипче: Скандалозно е граѓаните да дознаат за мигрантите од странски медиуми Read More »

МВР предупредува: Петардите не се играчка, може да ви го „запечатат животот“


Министерството за внатрешни работи, апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на …

МВР предупредува: Петардите не се играчка, може да ви го „запечатат животот“ Read More »

Главниот командант на руската морнарица тврди дека САД и ЕУ се подготвуваат за војна со Русија на Арктикот


САД и Европската Унија се подготвуваат за можен воен судир со Русија на Арктикот, тврди командантот на руската Воена морнарица, Александар Моисејев. Тој ги изнесе овие тврдења за време на презентација на Меѓународниот форум „Арктикот: сегашност и иднина“ во Санкт Петербург, истакнувајќи дека изјавите на западните лидери ги потврдуваат нивните „русофобни расположенија“, јави Тас. Моисејев …

Главниот командант на руската морнарица тврди дека САД и ЕУ се подготвуваат за војна со Русија на Арктикот Read More »

Генерал-мајор Грегори Најт ќе добие Орден за воени заслуги во Скопје


Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, денеска е во Скопје на почетокот на неколкудневната официјална посета на Македонија што ќе трае до 11 декември. Во истиот термин, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија ќе му го врачи државното одликување „Орден за воени заслуги“. Најт во Скопје беше пречекан со …

Генерал-мајор Грегори Најт ќе добие Орден за воени заслуги во Скопје Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Ако има докази за незаконски постапки СДСМ нека поднесе пријава до нивниот обвинител Коцевски


ВМРО-ДПМНЕ реагира на, како што ги нарекува, спиновите на СДСМ, порачувајќи дека во очај од своите егзистенцијални проблеми почна да конструира наводни скандали за некакви тендери за постапки кои се согласно закон. „Секоја фирма и компанија во државава кои ги исполнува условите и критериумите има право да учествува на постапки за јавни набавки, а на …

ВМРО-ДПМНЕ: Ако има докази за незаконски постапки СДСМ нека поднесе пријава до нивниот обвинител Коцевски Read More »