Недостиг на работници во албанскиот туристички сектор, само во Валона ангажирани околу 600 странци


  Албанскиот туристички сектор, што впрочем е појава присутна и во другите сектори, се соочува со недостиг на работна сила и покрај зголемените плати, поради што е принуден да ангажира странски работници, потврдува за весникот „Тема“ Васил Бединај од здружението на хотелските работници. – Се надевам дека информациите што секојдневно ги даваме на социјалните мрежи …

Недостиг на работници во албанскиот туристички сектор, само во Валона ангажирани околу 600 странци Read More »

Касами: За Беса е затворена секоја можност за соработка со сегашното мнозинство


Таканаречената „Огнена група“ во ДУИ би била поприфатлива за соработка за движењето Беса, само ако одлучат да се отцепат од партијата и ако формираат нова партија. Со сегашното парламентарно мнозинство е затворена секоја можност за соработка, изјави првиот човек на Беса, Биљал Касами во интервју во емисијата „Патот кон“ на Алсат. – За нас би …

Касами: За Беса е затворена секоја можност за соработка со сегашното мнозинство Read More »

Уште еден антикорупционер од САД во посета на Македонија


   Актуелни теми врзани со борбата против корупцијата и напорите на државата за воспоставување ефикасен систем за превенција на корупцијата и судирот на интереси, беа во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју. На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека …

Уште еден антикорупционер од САД во посета на Македонија Read More »

Евреите порачаа: Обидите да се ревидира историјата на холокаустот во Бугарија се навредливи


  Одбележувањето на 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна за прв пат по неколку години предизвика жестока дебата меѓу историчарите, еврејските организации и јавните личности во Бугарија. Спорот е околу улогата на Третата бугарска држава во депортацијата на Евреите од Македонија и Беломорска Тракија во пролетта 1943 година. Бугарскиот …

Евреите порачаа: Обидите да се ревидира историјата на холокаустот во Бугарија се навредливи Read More »

Американско разузнавање: Постои потенцијал за директна воена конфронтација меѓу Русија и САД и НАТО


Русија не сака директен воен конфликт со силите на САД и НАТО, но постои потенцијал тоа да се случи. Руските лидери досега избегнуваа да преземаат активности  со кои би се проширил конфликтот во Украина надвор од границите на земјата, но ризикот од ескалација останува значаен. Причината за тоа е што постои реален потенцијал  воените неуспеси …

Американско разузнавање: Постои потенцијал за директна воена конфронтација меѓу Русија и САД и НАТО Read More »

Зајкова бара да се укинат паушалите за управни и надзорни одбори


Никогаш не би земала апанажа затоа што ќе се вратам на својот професионален ангажман во областа на правото, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова во гостувањето на Алфа, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд кој минатата недела ја укина апанажата за функционерите кои ќе поднесат оставка.  – Кога го отвораме прашањето за апанажата како бенефиција, …

Зајкова бара да се укинат паушалите за управни и надзорни одбори Read More »

Седум мртви и осум ранети по напад на црква во Хамбург


    Вооружен маж, за кој се верува дека синоќа сам дејствувал, застрелал седум лица и ранил осум во црква на Јеховините сведоци во германскиот град Хамбург, соопшти полицијата која го истражува мотивот за нападот. Полицијата наведе дека напаѓачот најверојатно е еден од загинатите на местото на злосторството. Весникот „Билд“ објави дека пукањето се случило …

Седум мртви и осум ранети по напад на црква во Хамбург Read More »

Кристина Марабјан за „Независен“ од Грузија: Не сакаме повторно да бидеме СССР


  Кристина Марабјан, новинар во Jnews.ge, специјално за „Независен“ зборува за политичката ситуација во Грузија по масовните протести против законот за  „странски агенти“ што ги крена на нозе прозападните сили во земјата. Според известувачите од Тбилиси ваков број на демонстранти не е виден досега, што ја принуди владата да го повлече контроверзниот закон кој можеше …

Кристина Марабјан за „Независен“ од Грузија: Не сакаме повторно да бидеме СССР Read More »

По вторпат се бара одземање дозвола на фирма во Штип што прави мазут од гуми


   Еден месец по инспекцискиот надзор на Државниот инспекторат за животна средина на фирмата САНС-АГ, која користи отпадни гуми за да произведе мазут, извештајот и барањето за одземање на Б-интегрираната дозвола пристигна и официјално во Општина Штип. Софче Трајкова советник за екологија во Општина Штип, истакна дека писмото од Државниот инспекторат за животна средина го добиле …

По вторпат се бара одземање дозвола на фирма во Штип што прави мазут од гуми Read More »

Стигна лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза


    Докторката Стојка Фуштиќ, специјалист за цистична фиброза, денеска на прес конференција во Министерството за здравство истакна дека утрово пристигнал лекот „Трикафта“ на Универзитетската клиника за детски болести и веќе ги примаат пациентите кои треба да ја започнат терапијата. Според неа, на Клиника се примаат 6 пациенти, додека пак двајца пациенти кои се водат …

Стигна лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза Read More »

Маричиќ ќе бара експерти од сите политички партии за преговорите со ЕУ


Извештајот за напредокот на земјата во 2022 година е објективен приказ на државата и за  одржливоста на реформите, а ги нотира и областите каде што треба повеќе да се работи, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ од собраниската говорница за време расправата по документот во Собранието, што започна денеска откако претходно поминаа дебатите во парламентарните …

Маричиќ ќе бара експерти од сите политички партии за преговорите со ЕУ Read More »

Ковачевски најави експертска група за подготвување на уставните измени


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека опозицијата треба да прифати учество во работната група за уставните измени иако, како што нагласи, во минатото се покажало дека тие не сакаат да учествуваат во ништо, освен во блокирање на Собранието. На новинарско прашање премиерот повтори дека за процесот на уставните измени следна фаза е формирање експертска работна група, …

Ковачевски најави експертска група за подготвување на уставните измени Read More »

Дачиќ не верува дека ќе дочека членство во ЕУ


На Балканскиот форум во Будимпешта, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија и Албанија, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека не е оптимист дека ќе дочека овие земји да станат членки на ЕУ. Според него,мора да направиме се за да не им наштетиме на тие интеграции. Тој потсети дека поминаа …

Дачиќ не верува дека ќе дочека членство во ЕУ Read More »

Објавена мапа од сите бомбардирани градови во Украина


Во текот на ноќта руските сили ги бомбардираа речиси сите поголеми украински градови. На интернет беа објавени снимки како и мапа од нападот, на која се прикажани погодените градови. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги опиша нападите врз Украина како „чисто руско варварство“.

„Фридом хаус“ ја рангираше Македонија како „делумно слободна“ држава


Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени, што е напредок од еден индексен поен во споредба со лани. И покрај тоа со години по ред Македонија влегува во групата на „делумно слободни“ држави, какви што се 54 во светот, …

„Фридом хаус“ ја рангираше Македонија како „делумно слободна“ држава Read More »

Владата се пофали со историска инвестиција, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ќе има корупција


Владата започнува со реализација на историска инвестиција во изградба на современа патна инфраструктура во државата. Започнува изградба на 110 километри автопат на Коридорот 8 и Коридорот 10Д, како еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, во вредност од 1,3 милијарди евра, соопштија од СДСМ. -Овој проект опфаќа изградба на делницата Тетово- Гостивар во должина од над …

Владата се пофали со историска инвестиција, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ќе има корупција Read More »

Повторно се одложи судењето за Канческа-Милевска што трае пет години


Повторно се одложи судењето за случајот „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа-Милевска, поранешна министерка за култура, пренесува Макфакс. Откако стигна супервештачењето од Бирото за судски вештачења, на вчерашното рочиште не се појави вештак кој требало да сведочи. Судијата Осман Шабани ново рочиште закажа за 23 дена. Во Бирото за судски вештачења предметот „Тендери“ беше …

Повторно се одложи судењето за Канческа-Милевска што трае пет години Read More »

Унгарските парламентарци не знаат кога и дали ќе се ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО


Унгарските парламентарци, кои се во посета на Финска и Шведска, денеска не можеа да потврдат кога унгарскиот парламент ќе го ратификува приемот на овие скандинавски земји во НАТО. Шефот на унгарската парламентарна делегација Чаба Хенде истакна дека почетокот на ратификацијата е ветувачки, но дека не сугерира кога и каква одлука ќе биде донесена. Заменик-претседателот на …

Унгарските парламентарци не знаат кога и дали ќе се ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО Read More »

Турска делегација ќе ја посети Русија следната недела


Турска делегација ќе ја посети руската престолнина следната недела поради технички разговори пред планираниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Русија, Иран и Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесе Анадолија. – Од Русите стаса понуда да се одржи состанок на техничко ниво како подготовка за евентуален состанок на …

Турска делегација ќе ја посети Русија следната недела Read More »

Лога: Без поддршка од ЕУ и САД, ветинг не може да има


 Министерот за правда Кренар Лога започнал консултации со внатрешни и меѓународни фактори за можните модалитети на ветинг. Тој во интервју за „Програма 200“ во Алсат-М откри дека на средбата со евроамбасадорот во Скопје го искажал своето мислење дека на земјава не и треба разочарување на граѓаните како што се случи со поранешното Специјално јавно обвинителство. …

Лога: Без поддршка од ЕУ и САД, ветинг не може да има Read More »