Бајден патува во Европа, ќе ги посети Британија, Литванија и Финска


Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска патува во Европа, каде ќе ги посети Велика Британија, Литванија и Финска. Тој вечер ќе пристигне во Лондон, а утре ќе се сретне со кралот Чарлс Трети за прв пат откако беше крунисан. Како што е најавено, Бајден на 11 и 12 јули ќе учествува на Самитот на НАТО во …

Бајден патува во Европа, ќе ги посети Британија, Литванија и Финска Read More »

Одложена одлуката за Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, бранителите биле зафатени


Јавната седница во Апелациониот суд Скопје за предметот „Талир 2“ на СЈО, закажана за утрово се одложи на барање на одбраната на обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски. -Споменатите бранители не можеле да присуствуваат поради ангажираност во други кривични предмети, како што е наведено во писмениот подесок од 26.6.2023 година, соопшти Апелација па јавната седница …

Одложена одлуката за Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, бранителите биле зафатени Read More »

Таравари го поздрави „повлекувањето на Албанија од Отворен Балкан“


Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари го поздрави, како што оценува, „повлекувањето на Албанија од иницијативата Отворен Балкан“.     -Од 2019 година, кога се иницираше процесот на Отворен Балкан, континуирано ја изразуваме нашата резервираност за оваа асиметрична, неинклузивна и дупликативна иницијатива. Токму поради овие причини, Отворен Балкан не ја доби поддршката ниту од самата …

Таравари го поздрави „повлекувањето на Албанија од Отворен Балкан“ Read More »

Грковска на проштална средба со амбасадорот на Австрија


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа проштална средба со австрискиот амбасадор Георг Вуцас. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за личната поддршка од амбасадорот и за севкупниот придонес од Австрија за реформските процеси во земјава. Амбасадорот Вуцас истакна дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија …

Грковска на проштална средба со амбасадорот на Австрија Read More »

Австрискиот амбасадор пратил писмо до Владата, барал исклучок за австриските коцкарници


  Австрискиот амбасадор во Северна Македонија, Георг Вуцас, интервенирал против зголемената заштита на играчите на игри на среќа, која треба подобро да ги заштити децата и младите. Според австрискиот медиум Ö1 и платформата Zackzack, Вуцас побарал исклучоци за „Казинос Австрија“ и „Новоматик“. Министерството за надворешни работи на Австрија се оградило од оваа информација, но критичарите …

Австрискиот амбасадор пратил писмо до Владата, барал исклучок за австриските коцкарници Read More »

Мијатовиќ против МПЦ, бара да се усвојат родовите права


Во писмото упатено до македонскиот парламент кое е објавено денеска, комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, силно ги охрабрува тековните напори за усогласување на македонската правна рамка со стандардите на Советот на Европа во областа на правното признавање на полот за трансродовите (транс) лица. Мијатовиќ смета дека усвојувањето на претстојните измени …

Мијатовиќ против МПЦ, бара да се усвојат родовите права Read More »

Ахмети: ДУИ е нападната од сите страни


ДУИ е нападната од сите страни, бидејќи таа е клучот за функционирањето на државата. Но ДУИ не се урива така лесно, бидејќи е структура која е родена од ОВК и крвта на мачениците, порачал престедателот на партијата Али Ахмети на коктелот организиран синоќа по повод изборот на новиот состав на чаирскиот огранок. „Додека бевме во …

Ахмети: ДУИ е нападната од сите страни Read More »

Миле Јанакиески спроведен во Идризово


Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е спроведен на издржување на затворската казна за случајот „Титаник“. „Судија за извршување санкции има издадено наредба за спроведување на правосилно осуденото лице за кое прашувате од куќен притвор на издржување на казна затвор со оглед дека обвинетиот веќе бил во куќен притвор во предметот за кој …

Миле Јанакиески спроведен во Идризово Read More »

Зеленски до Радев: За каков конфликт зборувате претседателе?


„Ова не е конфликт, туку војна, војна за уништување на Украина, да се убиваат Украинци, а не други земји и фала му на бога“, му реплицираше украинскиот претседател Володомир Зеленски на бугарскиот лидер Румен Радев кој, глумејќи политичар загрижен за мирот, го намали значењето на тоа што се случува во Украина нарекувајќи го „конфликт“. Наедно …

Зеленски до Радев: За каков конфликт зборувате претседателе? Read More »

Концерт за виолина и пијано со виртуозни изведувачи од Грција на Фестивалот Скопско Лето 2023


Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023 на 7 јули 2023 година во 20:30 часот во фоајето на Националната опера и балет, ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција со изведба на неколку прекрасни дела на класична музика за виолина и пијано од истакнати грчки композитори. …

Концерт за виолина и пијано со виртуозни изведувачи од Грција на Фестивалот Скопско Лето 2023 Read More »

Повик до судиите да ги бојкотираат изборите во нелегитимниот Судски совет


Блупринт групата за реформи во правосудство бара итно да се прекине со постапката за избор на нови членови во Судскиот совет, а во спротивно, како крајно средство за спречување на понатамошното незаконско и нелегитимно постапување на Судскиот совет ги повикува судиите кои треба да гласаат на изборите од судовите во Аплеациското подрачје Скопје и Врховниот …

Повик до судиите да ги бојкотираат изборите во нелегитимниот Судски совет Read More »

Ковачевски ја поддржа најавата на ЕУ дека „ќе му дише во врат“ на Судскиот совет


Премиерот Димитаер Ковачевски без резерва ја поддржа најавата од ЕУ дека ќе испратат специјална оценска мисија која ќе ја следи и анализира работата на контроверзниот Судски совет. Тој притоа нагласи дека ова не е прва ваква мисија на ЕУ во Македонија.  -Не е првпат да имаме оценска мисија. Пред една ипол година за ова разговарав …

Ковачевски ја поддржа најавата на ЕУ дека „ќе му дише во врат“ на Судскиот совет Read More »

Меѓуалбанската кавга го тресе Отворен Балкан


  Кој? Билал Касами? Тој одбива да се сретне со мене? Како, кога не сум ни побарал средба со него? Вака реагираше денес албанскиот премиер Еди Рама на тврдењето на албански новинар дека градоначаникот на Тетово, инаку поддржувач на косовскиот премиер Албин Курти, одбил да се сретне со него, исто како што и косовскиот премиер …

Меѓуалбанската кавга го тресе Отворен Балкан Read More »

(Во живо) Прес конференција на Ковачевски и Рама


Премиерот Димитар Ковачевски го пречека утрово албанскиот премиер Еди Рама, кој е во Скопје во рамките на својата балканска турнеја низ пет земји.По средбата во четири очи тие имаа заедничка средба со делегациите. На овој линк е заедничката прес конференција:

Беџети: Нема потреба „огнените“ да се двојат и да формираат партија


По предлогот на Изет Меџити, „огнените“ да расчистат со ДУИ и да формираат свое движење или партија, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, во изјава за медиумите вели дека тие се фракција на ДУИ и се различни, но нема потреба од формирање нов политички субјект, бидејќи така ќе се расцепка албанското бирачко тело, а проблемите …

Беџети: Нема потреба „огнените“ да се двојат и да формираат партија Read More »

Велика Британија се враќа во финансирањето на ЕУ


Велика Британија е на пат да го врати пристапот до европското финансирање, три години откако ја напушти ЕУ на 1 февруари 2020 година. Владата во Лондон и Европската комисија постигнаа начелен договор за враќање на учеството на кралството во истражувачката шема на Хоризонт Европа – најголемиот фонд со кој управува ЕК. Буџетот на програмата за …

Велика Британија се враќа во финансирањето на ЕУ Read More »

Зеленски во прва посета на Бугарија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Бугарија каде престојува во прва посета откако почна влада и е прв странски преставник што доажа откако Бугарија доби нова влада.  Бугарскиот премиер Николај Денков ја потврди веста за посетата на Зеленски во четвртокот, чии детали почнаа да се објавуваат претходно оваа недела.Денков притоа изјави дека отсега Бугарија нема …

Зеленски во прва посета на Бугарија Read More »

Мицкоски открил 18.324 проблеми во Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  преку објава на Фејсбук соопшти дека партиските тимови посетиле 709 места во Македонија и дека регистрирале , ни помалку ни повеќе, туку –  18.324 проблеми. -Акцијата „Ова е Македонија за сите“ заврши со посетени 709 населени места од страна на 19 тимови на ВМРО-ДПМНЕ во чиј состав имаше 200 луѓе …

Мицкоски открил 18.324 проблеми во Македонија Read More »

Лукашенко: Пригожин не е веќе во Белорусија, се врати во Санкт Петербург


Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, веќе не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург, пренесе Индекс, хр. -Тоа е руска компанија. Значи, прашањето очигледно не е за мене. Колку што сум информиран, борците се во нивните кампови. Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Тој …

Лукашенко: Пригожин не е веќе во Белорусија, се врати во Санкт Петербург Read More »

Уставниот суд ја замрзна графата на Лога за етничка припадност, тој вели дека тоа е беспредметно


  Уставниот суд донесе одлука со која привремено го стави надвор од употреба упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое се издава извод на родени во кој има графа за етничка припадност. Уставните судии изразија сомнеж во уставноста на ова упатство и покренаа иницијива за проверка на законитоста. Додека одлучат за упатството на …

Уставниот суд ја замрзна графата на Лога за етничка припадност, тој вели дека тоа е беспредметно Read More »