ВМРО-ДПМНЕ договори стратегија за уставните измени, СДСМ им порача дека ова им е последна шанса


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во петок, кога е закажана пленарната седница за уставни измени, нема да гласаат за отворање на Уставот. Никола Мицевски, координатор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека стратегијата нема да ја најават, туку ќе остават сите да ја видат на лице место за време на седницата. Посочи дека со аргументи ќе објаснат зошто …

ВМРО-ДПМНЕ договори стратегија за уставните измени, СДСМ им порача дека ова им е последна шанса Read More »

Бугарската вицепремиерка е милионерка


  Зачувани 1.161.058 лева на банкарски сметки на државата пријавила вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел. Премиерот Николај Денков има само 22.348 лева лични средства во банкарски депозити, покажуваат нивните пријави на имотната состојба.  Премиерот Денков и неговата сопруга лани купиле нов стан за 286.608 лева во Софија и гаража за 35.826 лева. …

Бугарската вицепремиерка е милионерка Read More »

Пијани туристи заспале на Ајфеловата кула, утрото биле евакуирани со кран


Двајца американски туристи биле заклучени на Ајфеловата кула во Париз. Причината е што се опијаниле и заспале, пренесува BBC повикувајќи се на податоци на француското обвинителство. Двајцата мажи биле пронајдени од обезбедувањето во раните утрински часови. Тие се искачиле на кулата околу 22.40 часот во неделата, но не можеле да се симнат на време. Туристите …

Пијани туристи заспале на Ајфеловата кула, утрото биле евакуирани со кран Read More »

Ганиу не верува дека советниците Албанци ќе гласаат за бришење на името „Адем Демачи“


Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, за ТВ21 изјави дека не верува дека советниците Албанци би имале храброст да гласаат за враќање на старото име на преименуваната улица во Адем Демачи.За да помине оваа иницијатива, според Ганиу, треба да има двојно гласање, односно да гласаат и советниците Албанци. -Овие измени мора да се случат во …

Ганиу не верува дека советниците Албанци ќе гласаат за бришење на името „Адем Демачи“ Read More »

Кавадарци им нуди на невработените општинско корисна работа и други ангажмани


Општина Кавадарци денеска објави јавен повик, евидентирани невработени лица да се вклучат во програмата за Општинско – корисна работа, лични асистенти за средношколци со попреченост, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.  Активностите се врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина …

Кавадарци им нуди на невработените општинско корисна работа и други ангажмани Read More »

Тренчевска: Од септември ќе нема минимална пензија под 13.300 денари


 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска очекува до крајот на годината да се изнајде решение за дефинирање на мининамланата пензија, преку дијалог во работната група во која ќе има номинирано претставници од Министерството за труд и социјална политика, Здружението на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тренчевска посочи дека на …

Тренчевска: Од септември ќе нема минимална пензија под 13.300 денари Read More »

Кавадарчанец и пуштал порнографија на својата шестгодишна ќерка


Јавното обвинителство бара 30-дневен притвор за кавадарчанец кој се сомничи дека на сопствената шестгодишна ќерка и пуштал порнографска содржина и вршел полови дејствија. Како што соопшти ОЈО, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година. …

Кавадарчанец и пуштал порнографија на својата шестгодишна ќерка Read More »

СВР Тетово ќе бара кој го вееше знамето со „Голема Албанија“


Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на тн. Голема Албанија вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти.  Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши. …

СВР Тетово ќе бара кој го вееше знамето со „Голема Албанија“ Read More »

Вјоса Османи: Реакциите во Македонија се последица на недоразбирање


Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека реакциите во Северна Македонија на случувањата на собирите во Чаир и Тетово, за време на посетата на премиерот Албин Курти минатиот петок, се последица на недоразбирања, за кои изрази уверување дека двете соседни држави бргу ќе ги надминат, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава пред новинарите …

Вјоса Османи: Реакциите во Македонија се последица на недоразбирање Read More »

Фон Крамон: Нема политичка волја ниту во Србија, ниту во Косово за спроведување на договорите


Европратеничката Виола фон Крамон изјави дека не гледа политичка волја ниту во Србија, ниту во Косово за спроведување на постигнатите договори за нормализирање на односите меѓу двете земји. „Не гледам политичка волја во ниту една од земјите за спроведување на договорите. Добро е Косово повеќе да се фокусира на себе и да ги исполни своите …

Фон Крамон: Нема политичка волја ниту во Србија, ниту во Косово за спроведување на договорите Read More »

Висар Ганиу и Билал Касами повикани од полицијата за посетата на Курти


Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска бил повикан на разговор во полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир. – Околу 13 часот и 30 минути бев поканет од началникот на полицијата „Бит Пазар“ да дојдам …

Висар Ганиу и Билал Касами повикани од полицијата за посетата на Курти Read More »

Пленковиќ контра Милановиќ за хулиганите: Не отидоа таму за туризам!


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го коментираше апсењето на хрватските навивачи во Грција, кои предизвикаа немири во Атина при што беше убиен еден грчки државјанин а повеќемина беа повредени. Тој нагласи дека грчката полиција била предупредена дека доаѓа група луѓе, кои очигледно ќе се судрат со навивачите на АЕК. „Спортско навивање да, но хулиганство не. Жал …

Пленковиќ контра Милановиќ за хулиганите: Не отидоа таму за туризам! Read More »

Казната од осум години затвор за сообраќајката во Велес – највисока досега за вакво дело


Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес, со која 18-годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива. Апелациониот суд Скопје информира дека …

Казната од осум години затвор за сообраќајката во Велес – највисока досега за вакво дело Read More »

Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога


Член на Советот на општина Приштина од редовите на владејачката партија на премиерот Албин Курти е еден од петмината уапсени денеска во Тирана при обид од Косово во Албанија да прошверцуваат наркотични средства во вредност од неколку стотици илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Кај советникот од редовите на партијата Самоопределување (ВВ), Бесник …

Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога Read More »

Тимот на „Лајка“ спаси куче заглавено на 11 спрат


По пријава од граѓани дека има заглавено куче на 11-ти спрат во објект во изградба, тимот на ЈП „Лајка“ се качија во зградата за да го спасат кучето. Според сведочењата од граѓаните, кучето било заглавено повеќе од четири дена. -Кучето е сега во нашето прифатилиште каде ќе го помине хуманиот третман и ќе вложиме напори …

Тимот на „Лајка“ спаси куче заглавено на 11 спрат Read More »

Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на ФЗО


Фатон Ахмети од ДУИ  поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување. Во порака на фејсбук до сопартијците тој  рече дека продолжува со нови задачи во партијата. „Денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова …

Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на ФЗО Read More »

Беса: Државниот врв е хистеричен, Албанците институционално се понижуваат


Движењето Беса, место да се извини за националистичкиот собир, обвинува дека македонските државни институции реагирале хистерично на посетата на албанскиот премиер Албин Курти, дополнета со доза на етнонационализам што било неприфатливо и против соработка за добрососедство. Од Беса не одговараат дали за нив е прифатливо веењето на знамето на голема Албанија и тврдат дека Курти …

Беса: Државниот врв е хистеричен, Албанците институционално се понижуваат Read More »

Никој не сака да го преземе телото на убиецот од Градачац


Никој , дури ни неговиот татко, не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, кој во петокот на 11 август уби три лица во Градачац, а потоа се самоуби. Негови познаници за новинарите на „Аваз“ во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „ Не ме интересира тоа г***о“. Сулејмановиќ ја уби својата …

Никој не сака да го преземе телото на убиецот од Градачац Read More »

Приштина го правда Курти: Имал средба и со владата на Македонија пред две години


Откако во Македонија се зголемија дебатите и критиките меѓу македонските политички партии и највисоките државни функционери околу престојот на премиерот на Косово, Албин Курти во  Скопје и Тетово, реагираше и владата на Косово.Портпаролот на Владата, Перпарим Криезиу, рече дека Курти во овие две општини отишол на покана на градоначалниците, при што ја спомена и заедничката средба …

Приштина го правда Курти: Имал средба и со владата на Македонија пред две години Read More »

Ангелов: Над половина од вработените во ЦУК се залутани и нефункционални


Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за состојбата со оваа институција и притоа откри дека во регионалните центри има многу „залутани луѓе“ и вработени преку партија. „Секој регионален центар за управување со кризи има квалитетни луѓе, но факт е дека еден дел од луѓето се залутани, односно …

Ангелов: Над половина од вработените во ЦУК се залутани и нефункционални Read More »