Фараж: Трамп да ги признае резултатите и да игра голф ако загуби


ЛОНДОН – Доналд Трамп треба да го прифати резултатот од изборите во САД доколку загуби од Камала Харис, изјави главниот сојузник на републиканскиот претседателски кандидат и лидер на Брегзит, Најџел Фараж. Додека Американците се упатуваат кон гласачките места за да го изберат својот следен претседател, Најџел Фараж, рече дека Трамп не треба да го оспорува …

Фараж: Трамп да ги признае резултатите и да игра голф ако загуби Read More »

Во Бразил две години затвор за тие што ќе малтретираат животни


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро потпиша нов закон со кој се зголемуваат казните за оние кои малтретираат домашни миленици. Директен сведок на ратификацијата: неговото куче. Сега на оние што ќе им наштетат на мачки и кучиња им се заканува затворска казна од 24 месеци, голема парична казна и апсолутна забрана за посвојување други животни.

Безбедносните агенции во САД предупредуваат за странско мешање во изборите


Вчера неколку американски безбедносни агенции објавија заедничка изјава во која предупредија за странско мешање во изборите.Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI), Федералното биро за истраги (ФБИ) и Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура (CISA) соопштија дека ги набљудувале странските противници, особено Русија, спроведувајќи дополнителни операции за влијание со цел да ја поткопаат јавната доверба …

Безбедносните агенции во САД предупредуваат за странско мешање во изборите Read More »

Трамп инсистира на резултати во изборната ноќ


Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно постави лажни очекувања во врска со пребројувањето на гласовите за американските избори, инсистирајќи на резултат во изборната ноќ, јави ДПА. – Го сакаме одговорот вечерва, рече 78-годишниот кандидат на својот последен митинг во Гранд Рапидс во сојузната држава Мичиген. Трамп веќе ги разбранува своите поддржувачи во …

Трамп инсистира на резултати во изборната ноќ Read More »

Трамп ветува славни височини за САД ако победи во трката


Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини својот демократски противник, Камала Харис, дека е неподобна за претседателската функција поради нејзиното справување со граничната криза, што тој го нарече „страшно предавство“.  Трамп вети исто така дека ќе ги однесе САД до „нови височини на славата“ за време на неговиот завршен изборен митинг. „Мојата порака до Американците …

Трамп ветува славни височини за САД ако победи во трката Read More »

Избори во САД: Кога ќе знаеме кој победи?


Додека Американците се подготвуваат да гласаат на денот на изборите, официјалните лица повикуваат на трпение додека гласачките ливчиња се бројат во оваа историски тесна претседателска трка и предупредуваат дека може да поминат денови за да се знае кој победил. Во американскиот систем граѓаните не гласаат директно за својот лидер. Наместо тоа, тие  избираат 538 членови …

Избори во САД: Кога ќе знаеме кој победи? Read More »

Што да очекува Балканот од Трамп, а што од Харис?


Американскиот потпретседател и демократски кандидат за претседател, Камала Харис, изјави дека доколку биде избрана за претседател, ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и продолжувањето на евроатлантските интеграции, додека поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и зајакнување на безбедноста во тој регион. „Харис постојано се залагаше …

Што да очекува Балканот од Трамп, а што од Харис? Read More »

Македонија ќе ѝ даде нов пакет помош на Украина


Владата денес ќе донесе одлука одлука за обезбедување  нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, на форумот организиран по повод 75 годишнината од НАТО. Практично на денот кога Американците ќе решаваат дали да му дадат поддршка на Доналд Трамп кој ветува крај на американската помош за оваа држава, Македонија …

Македонија ќе ѝ даде нов пакет помош на Украина Read More »

ПИОМ во катастрофална состојба, го тужат над 400 вработени


Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) функционира со 491 вработен од 950 планирани работни места или со 50 отсто од капацитетот. Целосно е узурпиран во последните 15 години, деградиран е и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку апскети. Има и кадровски дисбаланс. Филијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, …

ПИОМ во катастрофална состојба, го тужат над 400 вработени Read More »

ЗНМ бара итно решавање на процесите за насилство врз новинарите


Итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство, реформи во регулативата за слеп тужбите и сериозен одговор од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на вербалното насилство што се случува сѐ почесто преку онлајн платформите се барањата на Здружението на новинарите на Македонија по повод Меѓународниот ден за ставање …

ЗНМ бара итно решавање на процесите за насилство врз новинарите Read More »

Маринакис: Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција


Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција и предуслов што не може да се заобиколи е почитувањето на грчкото етничко малцинство во Албанија, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на албанскиот премиер Еди Рама изразен вчера во Солун, јави дописничката на МИА од …

Маринакис: Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција Read More »

Каспаров ја поддржа Харис, не сака САД да станат СССР!


Како и милиони други кои живееја зад Железната завеса, јас пораснав во Советскиот Сојуз гледајќи ја Америка како светилник на надеж. Разликата помеѓу слободното и неслободното ми беше лесно воочлива како млад играч на меѓународната шаховска сцена, и почнав да ја користам мојата платформа за да протестирам против репресивните практики дома. Кога се пензионирав од …

Каспаров ја поддржа Харис, не сака САД да станат СССР! Read More »

„Гугл“ ги објави украинските воени локации, Киев се чуди – што не е во ред со него?


Гугл ја откри локацијата на украинските воени објекти во своето најново ажурирање на мапите, соопшти официјален Киев. Москва веќе почна „активно да ги дистрибуира“ чувствителните слики, рече Андриј Коваленко, шеф на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, во објава на Телеграм. „Замислете ја ситуацијата. Гугл прикажува ажурирани …

„Гугл“ ги објави украинските воени локации, Киев се чуди – што не е во ред со него? Read More »

Мицкоски бара промена на условите од човекот што ги напиша во францускиот предлог


  Главниот пишувач на решението за спорот меѓу Македонија и Бугарија – кај нас популарно наречен „француски предлог“, Александар Адам, стана заменик-шеф на кабинетот на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон Дер Лајен. На оваа позиција Адам е именуван еден ден пред претседателката на ЕК да дојде во Македонија и практично беше дел од нејзиниот …

Мицкоски бара промена на условите од човекот што ги напиша во францускиот предлог Read More »

Мрачните последни денови од изборната кампања на Трамп


  На предизборниот митинг во Грин Беј, Висконсин, во средата, Доналд Трамп вети дека ќе ги „заштити“ жените, „сакале или не“. На неговиот значаен говор во Медисон сквер гарден во Њујорк, тој вети дека ќе ги „избрка“ недокументираните имигранти „по ѓаволите од нашата земја што е можно побрзо“. И на голем настан во затворен простор …

Мрачните последни денови од изборната кампања на Трамп Read More »

СДСМ повторно ќе поднесе барање за зголемување на минималната плата


 СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, што  претходно  беше одбиен од владината коалиција со образложение дека нема фискални импликации. „СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, кој владината коалиција го одби со образложение дека нема фискални импликации. А, во исто …

СДСМ повторно ќе поднесе барање за зголемување на минималната плата Read More »

Жолтите комбиња станаа дронови: Филипче за обвинувањата на Мицкоски


  Претседателот на СДСМ денеска го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека измислувал лажни приказни затоа што не можел да се справи со водењето на државата. Одговарајќи на новинарско прашање за наводно следење со дронови на Мицкоски кога бил лидер на опозиција, Филипче на денешната прес-конференција во Собранието рече дека тоа не се единствените измислици од …

Жолтите комбиња станаа дронови: Филипче за обвинувањата на Мицкоски Read More »

Меџити смета дека предвремени избори би биле губење време


Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници, кое наскоро ќе надмине и 80, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. -Од 90-тите до сега немало постабилна влада и немало поголемо …

Меџити смета дека предвремени избори би биле губење време Read More »

Филипче: Над 65 отсто од граѓаните не се задоволни од владата


  СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече денеска лидерот на партијата, Венко Филипче, на прес-конференцијата во Собранието. Филипче беше прашан за понудата на премиерот за предвремени парламентарни избори заедно со локалните. „Тоа што има најава за предвремени избори само три месеци по формирањето значи дека на Владата навистина не ѝ оди. Теренска анкета покажува …

Филипче: Над 65 отсто од граѓаните не се задоволни од владата Read More »

Сиљановска свика конститутивна седница на Советот за безбедност


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова  свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денес попладне. Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, …

Сиљановска свика конститутивна седница на Советот за безбедност Read More »