Скандал со поткуп од Хуавеј во Европскиот парламент


БРИСЕЛ – Белгиските власти побараа од Европскиот парламент да им ги одземе имунитетите на група пратеници на ЕУ за да можат да бидат истражени за нивната  вмешаност во скандалот со пари за влијание поврзан со кинеската технолошка фирма Хуавеј. Барањето, потврдено од четири претставници на ЕУ, доаѓа два месеци откако се појавија обвинувањата. Двајца функционери …

Скандал со поткуп од Хуавеј во Европскиот парламент Read More »

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“


Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го обвинуваше ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи за „продавање на македонскиот идентитет“ и велепредавство, сега одговори на новинарско прашање дали ќе покрене случај против него. Мицкоски рече дека тоа е работа на Обвинителството и дека тој нема намера лично да презема било какви чекори. „Ако некој треба да реагира, …

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“ Read More »

Косовската претседателка Вјоса Османи доби смртна закана по електронска пошта


Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, на  електронска пошта на Претседателството добила смртна закана, за КосоваПрес  веста ја потврди советникот за медиуми на Претседателството, Беким Купина. „Заканата беше испратена на официјалната е-пошта на Претседателството“, изјави Купина за КосоваПрес. Станува збор за порака која на нејасен албански јазик испраќачот и се заканува со смрт на претседателката …

Косовската претседателка Вјоса Османи доби смртна закана по електронска пошта Read More »

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани


Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти вратени од странство и третирани во земјава по трагедијата со пожарот. Целта е, како што рече денеска заменик-министерот …

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани Read More »

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа


Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебреисус денеска предупреди на се поголемиот ризик од глад во Појасот Газа. – Ризикот од глад во Газа се зголемува поради блокадата на хуманитарната помош, вклучително и храна … два милиона луѓе гладуваат додека тони храна се заглавени на границата, посочи Гебреисус на почетокот на годишниот …

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа Read More »

Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“


 Британскиот премиер Кир Стармер ја нарече денеска ситуацијата во Појасот Газа „неподнослива“.  Тој додаде дека неговата влада работи со сојузниците за да координира одговор на ескалацијата на конфликтот во енклавата меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас.  „Ова е навистина сериозна, неприфатлива, неподнослива ситуација и затоа интензивно работиме на координација со другите лидери за тоа …

Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“ Read More »

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан


  Уставниот суд нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, но истакнува дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Оттаму велат дека нема да ги преиспитуваат по службена …

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан Read More »

Кои држави имаат договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство?


  Наспроти помпата со која беше објавен договорот за стратегиско партнерство на Македонија со Обединетото Кралство, во британските медиуми не може да се најде ни збор за него, ниту пак за шесте милијарди за кои сѐ уште не е јасно како ќе дојдат во државата  и од кого. Уште повеќе станува јасно дека договори како …

Кои држави имаат договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство? Read More »

Левица: Владата ќе јаде лосос, лигњи и школки, за настраданите во Кочани не даде ни денар


Левица обвинува дека директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во април и мај склучил нови договори вредни милиони денари за, како што велат, владината трпеза. Според партијата, одвоени се 1.890.000 за пилешко месо; 441.000 за јајца; 1.680.000 за сирење и кашкавал; 1.549.000 за млеко и други млечни производи; 126.000 за …

Левица: Владата ќе јаде лосос, лигњи и школки, за настраданите во Кочани не даде ни денар Read More »

И Арбен Фетаи сака да биде горд


  Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, преку писмено обраќање одговори на актуелните случувања по напуштањето на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на владината коалиција. Во писмо испратено до медиумите Фетаи им се обраќа на членовите, симпатизерите и гласачите на Алијанса за Албанците, во кое вели дека тие не се само поддржувачи на партија, …

И Арбен Фетаи сака да биде горд Read More »

Муртезани гледа голем револт во партијата на Таравари, очекува нејзино ситнење


Министерот за европски прашања од редовите на коалицијата ВЛЕН, Орхан Муртезани, вели дека според информациите на коалицијата, незадоволството и револтот кај функционерите и поддржувачите на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ќе продолжат и понатаму. Тој ова го кажа откако пратеникот од редовите на Алијанса, Салим Сулејмани, објави дека поднесува оставка од сите партиски …

Муртезани гледа голем револт во партијата на Таравари, очекува нејзино ситнење Read More »

Мицкоски за СДСМ: Не може да не чини се што правиме


Премиерот Христијан Мицкоски, прогнозира СДСМ да не освои ниту еден градоначалник, а вели дека засега се конкурентни во четири општини. Тој посочува дека опозициската партија води политика преку која критикува сѐ што Владата прави, а за него, тоа не е во ред, и вели: „Не може да не чини сѐ што ние правиме. Не може …

Мицкоски за СДСМ: Не може да не чини се што правиме Read More »

Вашингтон подготвил мировен план од 22 точки за руско-украинската војна


Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина Кит Келог изјави дека Вашингтон подготвил мировен план од 22 точки за решавање на руско-украинската војна и откри што подразбира првата точка. Тој во објава на мрежата „Х“ посочи дека се работи за „сеопфатно примирје“. Според неговите зборови, во Истанбул американскиот државен секретар Марко Рубио „јасно ставил до …

Вашингтон подготвил мировен план од 22 точки за руско-украинската војна Read More »

ДУИ за ВМРО-ДПМНЕ: Влада на поделби и порази


Во време кога граѓаните очекуваа резултати, стабилност и достојна европска перспектива, Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот национализам што го јавнаа за време на изборите, и веќе цела година нуди само пропаганда, поделби, понижување и неуспех, велат од ДУИ во соопштение. „Со ова, безмалку веќе цела година, државата наместо да се движи напред, …

ДУИ за ВМРО-ДПМНЕ: Влада на поделби и порази Read More »

„Охрид SOS“: Проектот за пренасочување на Сатеска е толку лош што ќе доведе до спротивен ефект


Проектот за пренасочување на реката Сатеска по нејзиното провобитно корито  е толку лошо изготвен така што спроведувањето на самиот проект би можело да доведе до спротивен ефект од предвидениот, односно „има потенцијал за зголемување на изложеноста и ранливоста на влијанијата од климатските промени“. Така тврдат активистите на Граѓанската еколошка иницијатива „Охрид SOS“, според кои негрижата …

„Охрид SOS“: Проектот за пренасочување на Сатеска е толку лош што ќе доведе до спротивен ефект Read More »

МВР со апел за безбедни матурски прослави


 „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, е апелот од МВР за безбедни матурски прослави. Како што информираат од МВР, сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните …

МВР со апел за безбедни матурски прослави Read More »

Мицкоски постигна договор со Стармер, најавува инвестиции од околу шест милијарди евра


Договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и други области, најави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер на која, како што соопштија од Владата, била постигната согласност за договор за стратегиско партнерство меѓу  Македонија и …

Мицкоски постигна договор со Стармер, најавува инвестиции од околу шест милијарди евра Read More »

Што бара Николоски на самит на ЕУ, а Муцунски седи дома?


Министерот за транспорт Александар Николоски е дел од делегацијата на премиерот Христијан Мицкоски денес во Тирана, каде што се одржува самит на Европската политичка заедница – нова форма на политички дијалог на ЕУ со земјите кандидати и земјите од нејзиното соседство. Прашањето е – што бараше Николоски на политички самит на кој се расправа за …

Што бара Николоски на самит на ЕУ, а Муцунски седи дома? Read More »

Дали Мицкоски ќе добие пари за да отвори азилантски камп на Обединетото Кралство во Македонија?


Веќе два дена премиерот Христијан Мицкоски најавува добра вест од Тирана, поврзувајќи ја на некој начин со средбата со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Страмер, која треба да се случи денес. Во медиумите веќе се шпекулираше дека најавениот нов кредит што ќе го земе владата е токму од оваа земја, па ако е точно, прашањето …

Дали Мицкоски ќе добие пари за да отвори азилантски камп на Обединетото Кралство во Македонија? Read More »