Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“


Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“. -На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му …

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“ Read More »

Владините функционери се фрлија на шетање, перверзно трошат позајмени пари


  Владините функционери се фрлија на шетање, секоја недела има по неколку делегации во странство. Оваа недела Стојанче Ангелов се јави од Јапонија, каде што имал посета на верски храм и се сликаше со будистички монах, иако е одговорен за справување со кризи во државата. Во Лондон беа вицепремиерот Александар Николоски и министерката за образование …

Владините функционери се фрлија на шетање, перверзно трошат позајмени пари Read More »

ЕУ се обидува да ги седне на иста маса Македонија и Бугарија, Мицкоски го шири спорот


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, оцени денес дека има простор да се надминат пречките и да се одблокира евроинтегративниот процес на Македонија. По  денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата таа додаде дека не би навлегувала во детали сѐ додека нема придвижување. „Јасно е дека сакаме Северна …

ЕУ се обидува да ги седне на иста маса Македонија и Бугарија, Мицкоски го шири спорот Read More »

Полициските специјалци ќе ги облекуваат женско модно студио и фирма регистрирана пред тендерот


Малото модно студио „Ле бранд дизајн“ од Битола, кое последниве години има приходи од околу 20 илјади евра на годишно ниво и просечно два до три вработени, го добило делот за униформа во шара чија вредност може да достигне 2,13 милиони евра. Фирмата „Памитекс тим“, пак, формирана 20 дена пред да се распише тендерот и …

Полициските специјалци ќе ги облекуваат женско модно студио и фирма регистрирана пред тендерот Read More »

Црна Гора блиску до воведување седумчасовен работен ден


Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“. Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида …

Црна Гора блиску до воведување седумчасовен работен ден Read More »

Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа


Цените на храната неоправдано растат во Европската Унија, а особено на Балканот, и покрај бранот бојкоти на супермаркетите. Така, бугарското Министерство за земјоделство одлучи да основа ланец малопродажни продавници „Продавници за народот“, кои ќе имаат максимална маржа од 10 отсто и ќе продаваат претежно бугарски производи. Бугарската влада обезбеди околу пет милиони евра почетен капитал …

Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа Read More »

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик


Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина – за која не е јасно дали ќе биде пополнета. На тоа укажуваат механизмите за примена што ги има Уставниот суд и кои се сведуваат на …

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик Read More »

Гаши се нуди за медијатор меѓу власта и опозицијата околу законот за Кочани


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во интервју за Телевизија 24 во врска со Законот за поддршка на семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани којшто го предлага СДСМ рече дека Владата и опозицијата треба да донесат заеднички закон. -Мислам дека треба да седнат заедно. Не се сомневам во намерите но подобро би било …

Гаши се нуди за медијатор меѓу власта и опозицијата околу законот за Кочани Read More »

Зеленски и се јавил на Сиљановска, подготвува самит со Југоисточна Европа


Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари краток телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој главна тема беше украинско-рускиот конфликт и можностите за постигнување траен и праведен мир. „Претседателот Зеленски ја информираше претседателката Сиљановска-Давкова за тековните дипломатски активности насочени кон склучување договор кој ќе обезбеди стабилност и мир во Украина“, соопштија од Кабинетот на …

Зеленски и се јавил на Сиљановска, подготвува самит со Југоисточна Европа Read More »

Бујар Османи до Мицкоски: Немаш ни план, ни визија, ни храброст, ниту пак си лидер!


Премиерот продолжува да посочува виновници за да прикрие сопствени неуспеси. Прво преку изборен популизам ја ограничи можноста дипломатијата суштински да се ангажира и да обезбеди напредок во преговорите со ЕУ. Потоа, целата држава ја стави во заложништво на сопствени ветувања , кои и ден-денес никој не може да ги објасни. На крај, го зароби и …

Бујар Османи до Мицкоски: Немаш ни план, ни визија, ни храброст, ниту пак си лидер! Read More »

ВЛЕН изгуби компас, и воздухот го подели на албански и македонски


Од партијата ВЛЕН соопштија денес дека за прв пат еколошките прашања што директно влијаат на албанските подрачја влегуваат во агендата на меѓународните стратешки партнерства. -Во рамките на официјалната посета на Обединетото Кралство и потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, даде поддршка …

ВЛЕН изгуби компас, и воздухот го подели на албански и македонски Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го брани Славески, не бил само тој партиски гувернер


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обвинувањата од СДСМ дека предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за гувернер на НБРМ бил „теснопартиски“ и дека таа им слугува на интересите на владеечката партија. Според нив, Славески не е прв партиски гувернер бидејќи таков именувале и СДСМ.  -Забораваат дека претседател на политичка партија, претходничка на нивната СДСМ, во 2004 беше …

ВМРО-ДПМНЕ го брани Славески, не бил само тој партиски гувернер Read More »

Во Белорусија почина уште еден политички затвореник


 Групата за човекови права „Виасна“ денеска соопшти дека во затвор почина политичкиот затвореник Валианстин Штермер, обвинет поради навреда на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Штермер (61) почина во затворската колонија во градот Шклов, но не се познати точниот датум и под кои околности починал. Бизнисменот Штермер во октомври 2023 година беше осуден на пет години затвор …

Во Белорусија почина уште еден политички затвореник Read More »

Лани најмногу прекршувања на човековите права имало околу вадењето патни исправи и правосудството


Согласно годишниот извештај, најмногу прекршувања на човековите права лани имало во делот на граѓанските состојби, претежно врзани со неможноста за добивање на лични документи, поточно патните исправи. Правосудството е проблематична сфера со најмногу прекршувања и претставки од граѓаните, а има претставки и во однос на работата на извршителите. Проблематични се и прашањата поврзани со потрошувачките …

Лани најмногу прекршувања на човековите права имало околу вадењето патни исправи и правосудството Read More »

Хрватска донира еден милион евра помош за цивилите во Појасот Газа


Владата на Хрватска денеска одлучи да обезбеди дополнителна итна хуманитарна помош за УНИЦЕФ и другите цивили во Појасот Газа во висина од еден милион евра. УНИЦЕФ обезбедува суштинска поддршка во форма на здравствена заштита на терен, вклучувајќи мобилни клиники кои помагаат во лекувањето на неисхранетоста, психосоцијална поддршка, вода и санитарии, заштита на децата од насилство …

Хрватска донира еден милион евра помош за цивилите во Појасот Газа Read More »

Мицкоски купува време, убеден бил дека ЕУ ќе најде решение за нас


Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека ќе се изнајдат решенија и дека Европската унија ќе најде механизми за земјава да го добие заслуженото место во Унијата. Во изјава за медимите дадена денеска од Желино, Мицкоски рече дека како држава ќе продолжиме да се однесуваме проевропски и дека Владата нема дилеми дека треба да гради добри …

Мицкоски купува време, убеден бил дека ЕУ ќе најде решение за нас Read More »

Барале илјадници евра за да го продолжат престојот на странци во Македонија


Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, заедно со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, спроведоа координирана акција врз основа на наредби издадени од Основниот кривичен суд Скопје.   Предмет на истрагата се сомнежи за сторени кривични дела: злоупотреба на службена положба и овластување, примање поткуп и противзаконито …

Барале илјадници евра за да го продолжат престојот на странци во Македонија Read More »

Мицкоски: Бидете спокојни, нема мигранти во стратешкиот договор со Лондон


Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со шпекулациите дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство во земјава предвиден е и прием на мигранти.  Според премиерот Мицкоски, договорот е јасен и таква работа нема. -На ова прашање одговор даде амбасадорот на Обединетото Кралство кој што беше …

Мицкоски: Бидете спокојни, нема мигранти во стратешкиот договор со Лондон Read More »

Зеленски имаше храброст, папата Франциск исто така: Зошто има толку многу кукавици во светот?


„Храброста е барање на вистината и нејзино кажување“, им рекол Жан Жорес, францускиот филозоф и лидер на Социјалистичката партија, на група средношколци во 1903 година. „Тоа не е потчинување на законот на триумфалната лага додека поминува и не одекнува, со нашата душа, нашата уста и нашите раце.“ Кога Првата светска војна ја крена својата грда, …

Зеленски имаше храброст, папата Франциск исто така: Зошто има толку многу кукавици во светот? Read More »

Филипче: Со ново задолжување јавниот долг ќе надмине 115% од БДП


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој укажа дека со новото задолжување, „секое новороденче во следните 25 години непосредно после раѓањето ќе должи 6.000 евра“.  Дополнително, според анализите на СДСМ, јавниот долг ќе надмине 115% …

Филипче: Со ново задолжување јавниот долг ќе надмине 115% од БДП Read More »