Реакции за гласањето во ЕП: Неправда или „епска неспособност“?


За само 12 месеци да “успееш” со своите погрешни и популистички политики да го избришеш македонскиот јазик и македонскиот идентитет на својот народ, треба да поседуваш епска неспособност, реагираше денес Андреј Жерновски , поранешен заменик министер за надворешни работи и амбасадор.  Тој смета дека „од ваквите квазипатриоти“, кои се гласни и силни војводи кога се …

Реакции за гласањето во ЕП: Неправда или „епска неспособност“? Read More »

Вајц: Предлозите за македонскиот јазик и идентитет не беа грешка


Мислам дека за признавање на идентитетот и јазикот на земја кандидат за членство би требало да биде природна и непроблематична работа, изјави известувачот на Европскиот парламент  Томас Вајц во однос на невклучувањето на термините македонски јазик и идентитет во усвоената верзија на неговиот Извештај. На прес-конференција по усвојувањето на Извештајот за земјава за 2023 и …

Вајц: Предлозите за македонскиот јазик и идентитет не беа грешка Read More »

Мицкоски за гласањето во ЕП: Ова е нашиот Крушевски манифест, мора да се мобилизираме!


Како некаков месија кој единствен разбрал што сакаат Бугарите од Македонија, премиерот Христијан Мицкоски го издигна денешното гласање за извештајот во Европскиот парламент на ниво на национална драма, иако нема таква политичка тежина и  утре сите ќе го заборават, како претходните над 20. Тој дури рече дека ова е нашиот Крушевски манифест, т.е. на овие …

Мицкоски за гласањето во ЕП: Ова е нашиот Крушевски манифест, мора да се мобилизираме! Read More »

ЕП го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот јазик и идентитет исчезнаа


  Европскиот парламент денес го изгласа извештајот за Македонија. Известувачот Томас Вајц тоа го поздрави со гест – подугнувајќи ја раката со кренат прст. Ова е прв извештај на Македонија во ЕП за три години, при што Вајц се соочи со многу притисоци, скандали и опструкции од бугарските европарламентарци.   Она што е за нас вест …

ЕП го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот јазик и идентитет исчезнаа Read More »

За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола , им порача Јовева на бугарските европарламентарци


За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, а за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст. Ова беше пораката која европратеничката Ирена Јовева од Словенија на македонски јазик ја упати до бугарските европратеници на крајот од своето обраќање во Европскиот парламент, на вчерашната дебата за извештајот на …

За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола , им порача Јовева на бугарските европарламентарци Read More »

Грчко-бугарски фрустрации место дебата за Македонија во ЕП


  Расправата за извештајот на Томас Вајц за прогресот во Македонија кон Европската унија  допре ново политичко дно. Освен тоа што се изредија бугарските европарламентарци за да кажат дека Европскиот парламент не треба да решава за нечиј јазик и идентитет (откако тоа истото го бараа од Европскиот совет кога се пишување Преговарачката рамка), освен што …

Грчко-бугарски фрустрации место дебата за Македонија во ЕП Read More »

За Мицкоски сите се виновни за поразот во ЕП, само тој не!


Премиерот Христијан Мицкоски, кој со несмасен политички потег „го вметна“ па го „извади“ македонскиот јазик од извештајот на Европскиот парламент, немајќи како да се оправда за аматеризмот, го впери прстот во претходната влада.  Користејќи го омилениот странски збор на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски сега „Талибанците“ ги најде во СДСМ и ДУИ, а не во ЕП.    Тој …

За Мицкоски сите се виновни за поразот во ЕП, само тој не! Read More »

Сенаторот Круз ги скратил парите за метеоролозите и заминал во Грција – додека Тексас се „давеше“


Сенаторот од Тексас Тед Круз имаше доста долга недела. Во вторникот тој се погрижи законот за трошоци на републиканците да ги намали средствата за временска прогноза, а потоа веднаш замина на одмор во Грција додека неговата држава беше погодена од смртоносни поплави, катастрофа за која критичарите велат дека се влошила со намалувањата на прогнозите. Круз, …

Сенаторот Круз ги скратил парите за метеоролозите и заминал во Грција – додека Тексас се „давеше“ Read More »

Израел ќе ги смести сите Палестинци во „хуманитарен“ логор и ќе им бара друга земја


Министерот за одбрана на Израел изнесе план да се принудат  сите Палестинци во Газа да се сместат во логор на урнатините на Рафа, во шема што правните експерти и академиците ја опишаа како „план за злосторства против човештвото“. Израел Кац рече дека ѝ наредил на израелската војска да се подготви за воспоставување логор, кој го нарече …

Израел ќе ги смести сите Палестинци во „хуманитарен“ логор и ќе им бара друга земја Read More »

Германското МНР ја обвини Кина дека таргетирала нејзин воен авион со ласер


Во меѓувреме, германското Министерство за надворешни работи го повика кинескиот амбасадор во Берлин, известувајќи дека кинеската војска употребила ласер за таргетирање на германски авион кој учествува во операцијата на ЕУ „Аспидес“, која помага во заштитата на бродовите во Црвеното Море. „Загрозувањето на германскиот персонал и нарушувањето на операцијата се целосно неприфатливи“, соопшти министерството на X, …

Германското МНР ја обвини Кина дека таргетирала нејзин воен авион со ласер Read More »

ФАЦ: Екстремни националисти го презедоа протестот во Белград, бараат права за Србите во Македонија, БИХ и Косово


Најновиот протест против авторитарниот режим на Александар Вучиќ на 28 јуни привлече внимание и во странство. Над 140.000 луѓе во Белград бараа предвремени избори. На митингот зборуваа поддржувачи на воени злосторници како што е Радован Караџиќ. Ова се наведува во анализа на авторитативното германско издание „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Овој протест не ја достигна посетеноста на …

ФАЦ: Екстремни националисти го презедоа протестот во Белград, бараат права за Србите во Македонија, БИХ и Косово Read More »

Ангелов тврди дека немало изгорени куќи во Чучер Сандево, градоначалникот го демантира


Стојанче Ангелов утринава информираше дека пожарот во Чучер Сандево одеднаш избувнал и се префрлил во планината. Се работи за, како што вели, стрмнина од 70 метри на местото каде што изби. -Даваме се од себе. Имаме два хеликоптери. Позади мене се хермелините кои што чекаат наредба од Скопската противпожарна бригада каде ќе бидат најкорисни. Две …

Ангелов тврди дека немало изгорени куќи во Чучер Сандево, градоначалникот го демантира Read More »

Сиљановска ја среди Македонија, па дели лекции на ЕУ – имала „сериозен проблем со демократијата“


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани. „Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено …

Сиљановска ја среди Македонија, па дели лекции на ЕУ – имала „сериозен проблем со демократијата“ Read More »

Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга


 Република Албанија е наш сосед, регионален партнер во НАТО и сојузник, а односите и соработките меѓу двете земји се засновани на взаемна доверба, почит и посветеност за реализирање на стратешките цели на двете држави во рамки на процесот на евроинтеграција. Тоа го истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на отворањето …

Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга Read More »

Речиси половина од Украинците песимисти за иднината на Украина


 Речиси половина од украинските граѓани, 47 проценти, веруваат дека за 10 години земјата ќе биде уништена и со голем одлив на луѓе, наместо просперитетна членка на Европската Унија, според најновото истражување на Меѓународниот институт за социологија во Киев. Анкетата, спроведена во мај и јуни оваа година, значително се разликува од анкетата од декември минатата година …

Речиси половина од Украинците песимисти за иднината на Украина Read More »

Вработени во МРТ се жалат дека цела недела работат без вода


Вработени во зградата на Македонската радио телевизија, каде се сместени повеќе државни институции, велат дека  веќе една недела во зградата нема вода, лифтовите не работат, а хигиенските услови се катастрофални. – Ве известувам за сериозна состојба во јавната институција МРТВ (Македонска радио телевизија), која директно ги загрозува основните работнички и хигиенски услови. Веќе повеќе од …

Вработени во МРТ се жалат дека цела недела работат без вода Read More »

Левица: Владите имале пари за 2.600 службени возила, за едвај 200 амбулантни чекале донации!


Левица објави дека изминатите влади на Македонија купиле 2.6оо службени возила за да аздисуваат, а дури 70 отсто од амбулантните се донација.   „Во услови кога имаме расипничка и десничарска влада, која во континуитет крати средства од ранливите категории и јавното здравство го перцепира само низ призмата на трошок, пратеничката група на Левица амандмански интервенира …

Левица: Владите имале пари за 2.600 службени возила, за едвај 200 амбулантни чекале донации! Read More »

СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами против пожарите


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја обвинува Владата за катастрофална неподготвеност и импровизација во справувањето со шумските пожари, оставајќи ги граѓаните сами да се борат со огнената стихија. Само еден ден по завршувањето на, како што велат од партијата, пи-ар активностите и сликањето со импровизираните „хермелини“, реалноста ги погоди премиерот христијан Мицкоски и директорот на …

СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами против пожарите Read More »

Рекорден број урнати домови и убиени Палестинци на Западниот Брег


Ли Авад е уморен. 27-годишниот жител на Туба, едно од десетината села што го сочинуваат Масафер Јата во сушните јужни ридови Хеброн на окупираниот Западен Брег, бил буден цела ноќ гледајќи како маскиран израелски доселеник на коњ кружи околу неговата семејна куќа. „Кога го видовме маскираниот доселеник, знаевме дека сака насилство“, рече Авад, со крвави …

Рекорден број урнати домови и убиени Палестинци на Западниот Брег Read More »

Земјотрес од 5,2 степени го погоди Крит


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 19:46 часот на грчкиот остров Крит. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 18 километри под површината на земјата. Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.