Сончевo и топло до 36 степени


Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од …

Сончевo и топло до 36 степени Read More »

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната


Во годината кога се одбележува 40-годишнината од создавањето на Шенген зоната, повеќе европски земји, меѓу кои и оние кои некогаш беа  движечката сила на заложбите за укинување на внатрешните граници во ЕУ, како Германија, денес воспоставуваат контроли на сите гранични премини и ги враќаат барателите на азил, правдајќи го ваквиот потег со зголемени безбедносни ризици …

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната Read More »

Жесток руски напад врз западна Украина со дронови и ракети


Русија во текот на ноќта започна жесток бран напади со беспилотни летала и ракети врз западна Украина, гаѓајќи области далеку од линијата на фронтот, соопштија утринава украинските медиуми и официјални лица. Експлозии се регистрирани во градовите Л’вов, во близина на границата со Полска, Черновци, во близина на границата со Романија, како и во северозападниот град …

Жесток руски напад врз западна Украина со дронови и ракети Read More »

Кошта: Во Европа нема место за негирање на геноцидот и величање на злосторници


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска на комеморацијата по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница изјави дека во Европа, ниту каде било на друго место, нема место за, како што рече, негирање на геноцидот, историски ревизионизам или величање на злосторници. – Негирањето на ваквите ужаси ја труе нашата иднина. Наша морална и човечка обврска …

Кошта: Во Европа нема место за негирање на геноцидот и величање на злосторници Read More »

(ВИДЕО) Данела Арсовска нападната од 30 луѓе додека проверувала дивоградба во Чаир


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица, а Арсовска била примена во Ургентен центар во ГОБ „8 Септември“ видно вознемирена и со контузии од удирање со клоци и тупаници. Прегледана е од специјалисти. Од …

(ВИДЕО) Данела Арсовска нападната од 30 луѓе додека проверувала дивоградба во Чаир Read More »

Лајен: Сребреница е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа


Некои историски настани фрлаат сенка што се пренесува со генерации – геноцидот во Сребреница е еден од нив, кој е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод 30-годишнината од масакрот во Сребреница.  – Поминаа 30 години од овие злосторства. Денеска, сакам да им …

Лајен: Сребреница е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа Read More »

Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат


Собранието на Косово ниту во 45-тиот обид не успеа да формира комисија за тајно гласање за избор на претседател на парламентот. Од вкупно 93 присутни пратеници, само 49 гласаа за формирање на комисијата, што не беше доволно за усвојување на предлогот. Пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири, реагираше откако претседавачот Авни Дехари ја …

Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат Read More »

Орбан: Убиениот Унгарец во Украина е „еден од нас“, случајот мора да се истражи


Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека унгарско-украинскиот државјанин кој починал по наводно претепување при присилна мобилизација во Украина е „еден од нас“ и повика случајот да се истражи сериозно. – Жртвата припаѓа на нашата заедница, не само во културна и национална смисла, туку и во смисла на јавното право, изјави Орбан за јавниот радио …

Орбан: Убиениот Унгарец во Украина е „еден од нас“, случајот мора да се истражи Read More »

Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград


Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи …

Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград Read More »

ВМРО против ДПМНЕ: Не сакаат да ги гласаат своите закони од програмата


  СДСМ денес јавно го разобличи, како што велат, лицемерието и измамата на Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои одбија да ги поддржат дури и законите што самите ги ветија пред граѓаните, со својата предизборна програма.   „СДСМ поднесе пакет од 12 закони, буквално преземени од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, со цел тие да не останат …

ВМРО против ДПМНЕ: Не сакаат да ги гласаат своите закони од програмата Read More »

Бугарија се налути на Мицкоски, го обвини за „непријателство“


  Бугарското Министрество за надворешни работи реагираше на серијалот обвинувања од македонските политичари за обид за „геноцид“ на нашата нација, за обезличување, за уништување и слично, оценувајќи ги како крајно навредливи и непријателски кон нивната држава. Повод беше повикувањето на бугарскиот амбасадор во македонското МНР за да му се изрази протест поради именувањето на нашиот …

Бугарија се налути на Мицкоски, го обвини за „непријателство“ Read More »

Која е „вистинската Македонка“ Латинопулу – сојузничката на Орбан и следбеничка на Трамп?


 Афродити Латинопулу, грчката политичарка чие име преку ноќ стана топ тема во нашата држава, го сврте фокусот од Софија повторно на Атина, односно од блокадата на Бугарија кон Преспанскиот договор на Македонија. Откако во Европскиот парламент како на митинг страстно порача дека „има само една Македонија и дека таа е грчка“, како и дека таа …

Која е „вистинската Македонка“ Латинопулу – сојузничката на Орбан и следбеничка на Трамп? Read More »

Сефер Селими: Кому му објавува војна ЗНАМ?


Аналитичарот Сефер Селими реагираше на денешната, што би рекол лидерот на СДСМ, патетична прес конференција на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој политиката на ЕУ кон Македонија, под влијание на Бугарија, ја спореди со геноцидот во Треблинка. Според Селими, највисоките функционери во Македонија го промовираат евроскептицизмот се поотворено и подиректно и вртат грб на „Европска …

Сефер Селими: Кому му објавува војна ЗНАМ? Read More »

Филипче за политиката на власта: Ветуваа гордост, добивме понижување


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, свика денес прес-конференција, како што рече, бидејќи чувствува должност да укаже на длабоката криза во која нѐ води актуелната влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски. Тој ја нарече  „маратонска, губитничка и патетична“ вчерашната прес-конференција на премиерот по извештајот на Европскиот парламент, оценувајќи дека по секој нов пораз во …

Филипче за политиката на власта: Ветуваа гордост, добивме понижување Read More »

ДУИ: Македонија тоне во инструментализација


  Најновиот извештај на европратеникот Томаш Вајц во Европскиот парламент претставува алармантно обвинение за насоката во која се движи Северна Македонија под раководство на коалицијата ЗНАМ–ВМРО–ВЛЕН. Овој извештај потврдува токму она на што ДУИ со месеци предупредува: државата се претвора во експериментален терен за најдеструктивните антизападни влијанија на континентот. Според извештајот, Северна Македонија станала отворен …

ДУИ: Македонија тоне во инструментализација Read More »

Песков: Подобро е Русија да ги постигне своите цели на мирен начин


Би било подобро Русија да ги постигне своите цели во украинскиот конфликт со мирни средства, а сè додека тоа не се случи Москва ќе ја продолжи својата специјална воена операција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Многу пати сме соопштиле дека е подобро за нас да ги постигнеме целите што си ги поставивме преку …

Песков: Подобро е Русија да ги постигне своите цели на мирен начин Read More »

Мицкоски му се јавил на градоначалникот на Крива Паланка, Ангелов понудил помош


Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски од СДСМ, кој вчера бараше помош откако огнот дојде блиску до куќите, по што интервенираа и екипи од Бугарија, денес соопшти дека сепак во текот на денот добил повик од премиерот Христијан Мицкоски и дека Стојанче Ангелов му помагал во справувањето со пожарот. Тој тоа го соопшти на фејсбук: …

Мицкоски му се јавил на градоначалникот на Крива Паланка, Ангелов понудил помош Read More »

СДСМ биле одговорни и за пожарите, тврди Петрушевски


ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата што никој не ја „купува“, дека пожарите во државата ги подметнува СДСМ за да дефокусира од внатрешни превирања. Уште повеќе критиките за лошото справување со пожарите и за немањето опрема исто така ги оценуваат како „ситење“ на опозицијата. -Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали …

СДСМ биле одговорни и за пожарите, тврди Петрушевски Read More »

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија


Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.  „За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање.  За да биде прифатена иницијативата требаше да …

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија Read More »

Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка


Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со …

Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка Read More »