Големиот пожар кај Струмица под контрола


Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се ширеше кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот е ставен под контрола, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов. Според него, големиот и црн …

Големиот пожар кај Струмица под контрола Read More »

Ќе се гради Центар за протези како помош за повредените од Кочани


Повредните во кочанската дискотека „Пулс“ ја имаат поддршката од страна на Министерството за здравство и Владата. Во наредниот период ќе се гради Центар за протези во Скопје, а повредените млади луѓе кои имаат потреба од дополнителни интервенции и третмани, коишто се скапи ќе бидат поддржани од страна на државата, истакна денеска министерот за здравство, Азир …

Ќе се гради Центар за протези како помош за повредените од Кочани Read More »

Муцунски на средба со турскиот министер Хакан Фидан


На маргините на состанокот на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Истанбул оствари средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи, Хакан Фидан. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните политички односи, зајакнување на економската соработка и искористување на инвестициските можности. Соговорниците се осврнаа …

Муцунски на средба со турскиот министер Хакан Фидан Read More »

Не успеја ни 53-тиот обид да се избере претседател на Собранието на Косово


Парламентарците во Собранието на Косово не успеаја да формираат комисија за избор на претседател на Парламентот, со што заврши 53-тиот обид за конституирање на тоа тело, а продолжението на седницата на собранието е закажано за вечерва во 22:00 часот. Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината …

Не успеја ни 53-тиот обид да се избере претседател на Собранието на Косово Read More »

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година


Во 2023 година, светот доживеа рекордни температури во океаните низ целиот свет, кога морската вода беше значително потопла од просекот, покажуваат резултатите од новата студија објавена во научното списание „Science“. Во неа се наведува дека дури 96 проценти од морињата и океаните низ целиот свет биле погодени од тој екстремен временски феномен, а брановите на …

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година Read More »

Во прилепската општа болница се вработуваат над 120 здравствени работници


Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, објави на Фејсбук дека се решава проблемот со недостиг на кадар во  Општата болница Прилеп и дека ќе се вработат 120 здравствени работници, од кои 21 доктор.  -При посетата на Општата болница Прилеп со директорот Кире Јоноски разговарав за подобрувањата во болницата. Еве дел од тоа што …

Во прилепската општа болница се вработуваат над 120 здравствени работници Read More »

Вештачката интелигенција не е најпаметна во моментов, но е најбрза


Конкуренцијата покажува дека луѓето се сепак подобри од вештачката интелигенција во кодирањето – но Пшемислав Дебијак, кој го победи OpenAI на светското финале, вели дека можеби е последниот човек што ќе победи поради неверојатното темпо на технолошкиот напредок.  Компјутерите ја освоија круната во шах, програмски јазик и покер, но кога станува збор за конкурентно кодирање, …

Вештачката интелигенција не е најпаметна во моментов, но е најбрза Read More »

Најпредвремено роденото бебе во светот го прослави првиот роденден


Неш Кин, роден точно во 21 недела, 133 дена пред терминот на неговата мајка, е признат од Гинисовата книга на рекорди како најпредвремено роденото бебе во светот. Ова момче од Ајова не само што е родено кога неговата мајка била бремена помалку од пет месеци,  туку како што рече неговата мајка, Моли Кин,  е исто …

Најпредвремено роденото бебе во светот го прослави првиот роденден Read More »

Колку полоши извештаите за напредокот, толку ЕУ пооптимистичка за проширувањето


Политиката за проширување на Европската Унија, некогаш замислена како катализатор за стабилност и демократска трансформација на Западен Балкан, во последниве години станува сè пореактивна и недоследна, обликувана повеќе од внатрешната политичка динамика отколку од стратешката визија. Ова поместување го еродираше кредибилитетот на рамката за условеност на ЕУ, која се темели на принципот дека напредокот кон …

Колку полоши извештаите за напредокот, толку ЕУ пооптимистичка за проширувањето Read More »

Македонците за пет години купиле станови од 50 милиони евра во Грција


Македонските граѓани и компании за пет години инвестирале над 50 милиони евра во станови во Грција, покажува статистиката на Банката на Грција. Најголемиот инвестициски бум се случил лани – македонските граѓани вложиле 19 милиони евра за стан покрај море. Но интересот е голем, а и бројките не се дефинитивни – ако се земе предвид фактот …

Македонците за пет години купиле станови од 50 милиони евра во Грција Read More »

Грета Тунберг со активистите на блокадата на Кожуф


Грета Тунберг, познатата шведска активистка за климатски права, денеска беше на блокадите на Кожуф планина, во знак на поддршка на локалните еко-активисти кои се против изградба на мала хидроелектрана на реката Дошница. Активисите од многу градови од Македонија, кои веќе втор месец по ред го блокираат патот кон локацијата на која треба да се гради …

Грета Тунберг со активистите на блокадата на Кожуф Read More »

Глумел дипломат за да премине илегално граница, приведен од полицијата


Вчера полициските службеници на „Табановце“ ги привеле С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, С.С. управувал патничко возило „Голф“ со скопски регистарски таблички и при влез во државата се обидел да влезе со приоритет. Тој им се претставил на …

Глумел дипломат за да премине илегално граница, приведен од полицијата Read More »

ЕУ за Западен Балкан: Расте инфлацијата, паѓаат инвестициите и економскиот раст


Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, наведува Европската комисија во извештај. Реалниот раст на БДП во регионот е намален на 2,3 проценти, од 3,3 проценти во претходниот квартал. Сите држави забележаа помал раст отколку во претходните три месеци, а Србија, најголемата економија во регионот, имаше најголемо забавување на …

ЕУ за Западен Балкан: Расте инфлацијата, паѓаат инвестициите и економскиот раст Read More »

Со нова апликација ќе се следи здравствената состојба на пациентите, најави Алиу


Министерот за здравство, Азир Алиу, обелодени воведување на иновативно софтверско решение, кое има за цел да ја поедностави комуникацијата и преминот на пациентите низ здравствениот систем. “Апликацијата ќе овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата …

Со нова апликација ќе се следи здравствената состојба на пациентите, најави Алиу Read More »

Повторно енормна потрошувачка на вода, „Водовод“ повикува да се пријават дивите приклучувања


Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ алармира дека градот се соочува со сериозна криза поради енормно зголемената и неконтролирана дневна потрошувачка на вода, која вчера достигнала 360.000 кубни метри. Според системот за мониторинг, ова претставува сериозен ризик за водоснабдувањето, а веќе се чувствуваат последици низ делови од градот, намален притисок и повремени прекини на …

Повторно енормна потрошувачка на вода, „Водовод“ повикува да се пријават дивите приклучувања Read More »

И тие што се за коцкање, и тие што се против – бранат бизнис интереси!


  Во врска со прес конференцијата на Движењето „Антикоцкање“ од Тетово, Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“, ја упатува следната реакција: -Се повторува едно исто сценарио! Пред секои избори се појавуваат претставниците на само нареченото Движење „Антикоцкање“ од Тетово со барање за целосно затворање на легалните игри на среќа. Како …

И тие што се за коцкање, и тие што се против – бранат бизнис интереси! Read More »

Велика Британија ќе се вклучи во доставата на хуманитарна помош за Газа по воздушен пат


Велика Британија ќе се приклучи на меѓународните напори за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа по воздушен пат, соопшти премиерот Кир Стармер, откако Израел дозволи ваков начин на испорака во услови на влошена хуманитарна состојба. Стармер рече дека Лондон „итно ги забрзува напорите“ за евакуација на деца со итни медицински потреби, кои би биле третирани …

Велика Британија ќе се вклучи во доставата на хуманитарна помош за Газа по воздушен пат Read More »

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна


Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост. Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што …

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна Read More »

Трамп со порака до Европјаните од Шкотска: Имиграцијата ве убива!


Американскиот претседател Доналд Трамп e во Шкотска во рамки на четиридневна посета која вклучува и средби на високo ниво. Посетата на Трамп е неофицијална и во голема мера поврзана со голф. Веднаш по пристигнувањето го пофали британскиот премиер Кир Стармер како „добар човек“, а нелегалната миграција ја нарече „ужасна инвазија која ја убива Европа“. „Подобро …

Трамп со порака до Европјаните од Шкотска: Имиграцијата ве убива! Read More »

Во Турција измерени 50,5 степени, највисоки досега во Европа


Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент – јави турското издание „Туркије тудеј“, повикувајќи се на податоци од Турската државна метеоролошка служба. Температурата е измерена во областа Силопи и го надминува претходниот рекорд од 48,8 степени, поставен во Сицилија, Италија, во август …

Во Турција измерени 50,5 степени, највисоки досега во Европа Read More »