Бранителите бараат ослободителна пресуда за „Титаник“, расправата ќе продолжи на 28 мај


Со воведни говори на останатите адвокати на одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „Титаник“ расправата по него ќе продолжи на 28 мај. Денеска воведни говори имаа адвокатите на дел од обвинетите Димитар Дангов, Еленко Миланов, Стерјо Зиков, Дончо Наков. Претпладне во воведниот говор на адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски, Дангов побара ослободителна пресуда …

Бранителите бараат ослободителна пресуда за „Титаник“, расправата ќе продолжи на 28 мај Read More »

Само седум отсто од прилозите на вестите оригинални теми на самите редакции


За разлика од периодот од пред една година, разноликост во известувањето во вестите на најгледаните комерцијални телевизии и кај јавниот сервис постои, но таа денес, во услови на сменети политичко-општествени и медиумски услови, зависи од уредувачката политика на самите медиуми, нивната иницијативност и ангажираност во изборот и обработката на темите, како и од почитувањето на …

Само седум отсто од прилозите на вестите оригинални теми на самите редакции Read More »

Османи и Димитров едногласни: Заслужуваме датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО


Политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, а во контекст на пораките и заклучоците од софискиот Самит посветен на Западниот Балкан беа тема на работната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија во Македонија, организирана од …

Османи и Димитров едногласни: Заслужуваме датум за преговори со ЕУ и покана за НАТО Read More »

Заев утре во собранието ќе ги достава предлозите за нови министри


Премиерот Зоран Заев најави дека утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. – Реконструкцијата ќе ја предложам утре, затоа што поради денешната пресуда не знаев дали ќе има цела Влада. Подготвен сум. Имињата се утврдени и биографиите на новите министри и заменици министри утре наутро ќе бидат процесуирани до Собранието, со надеж дека до …

Заев утре во собранието ќе ги достава предлозите за нови министри Read More »

Во март годинава просечната нето-плата 23.694 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 23.694 денари и е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Просечната исплатена бруто-плата, пак, е 34.764 денари и е повисока за 5,3 отсто во споредба со март 2017 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата …

Во март годинава просечната нето-плата 23.694 денари Read More »

Намален бројот на превезени патници во патниот превоз


Бројот на превезени патници во патниот  превоз во првите три месеци од годинава бележи намалување од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.  Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,5 отсто, во приградскиот превоз за 1,6 отсто, во меѓународниот превоз за 6,4 отсто, додека во меѓуградскиот превоз …

Намален бројот на превезени патници во патниот превоз Read More »

Катругалос: Блиску сме до договор, но ништо не е договорено ако не се договори сѐ


На средбата со Нимиц ќе се разговара за сите прашања, затоа што се наоѓаме на чекор пред постоење договор, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, во интервју за државната телевизија ЕРТ, но додава дека едно прашање влијае на друго и затоа не можеме со сигурност да говориме за договор и дека „ништо не …

Катругалос: Блиску сме до договор, но ништо не е договорено ако не се договори сѐ Read More »

Мората: Среќно на Светското првенство!


Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, вети дека ќе го поддржи шпанскиот тим на Светското првенство во 2018 година. Тој не се најде на списокот на селекторот Лопетеги за Мундијалот. – Среќно на Светското првенство! Јас ќе го навивам и ќе ви бидам благодарен до крај, како и обично, напиша Мората на Твитер. Мората постигна 15 …

Мората: Среќно на Светското првенство! Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната судска пресуда за Заев не е правда, туку неправда


Заев од пред малку е по втор пат амнестиран политичар за очигледен криминал! Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и со одговорност за криминално однесување. Ослободителната судска пресуда за „Поткуп“ не изненади никого. Јавноста е свесна како работи судството под политички притисок на власта, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Беше сосема јасно …

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната судска пресуда за Заев не е правда, туку неправда Read More »

Тевдовски: Јавниот долг ставен под контрола


После повеќе од 10 години јавниот долг е ставен под контрола, отплатени се дел од старите долгови, зголемена е рочноста на издадените државни хартии од вредност, намалена е каматната стапка и зголемена е довербата кај инвеститорите, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на јавната дискусија на Економскиот факултет насловена „Јавните финансии на крстопат“. Тој посочи …

Тевдовски: Јавниот долг ставен под контрола Read More »

Кој министер ќе ги продолжи реформите што ги започна Дескоска?


Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање за нејзино евентуално преземање во Министерството за правда. – Јас не се …

Кој министер ќе ги продолжи реформите што ги започна Дескоска? Read More »

Скопје и шест општини ќе добијат средства за канализациски системи


Финансиски средства ќе добијат Град Скопје и општините Битола, Шуто Оризари, Берово, Тетово, Липково, Врапчиште, за изработка на техничка документација и изградба на канализациски системи и системи за одведување и пречистување отпадни води. Ова го предвидуваат договорите што денеска ги потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалниците на Град Скопје и на општините Битола, Шуто Оризари, …

Скопје и шест општини ќе добијат средства за канализациски системи Read More »

Кривична пријава за 67-годишен кичевчанец за полов напад врз дете


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на 17-ти, овој месец, во парк на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, на начин …

Кривична пријава за 67-годишен кичевчанец за полов напад врз дете Read More »

Ѕанакопулос: Го поздравуваме прифаќањето ерга омнес, но најдобро е името да произлезе од предлозите на Нимиц


Грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“. Ѕанакопулос го поздрави прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен …

Ѕанакопулос: Го поздравуваме прифаќањето ерга омнес, но најдобро е името да произлезе од предлозите на Нимиц Read More »

Заев: Предлогот „Република Илинденска Македонија” е се уште на маса


Предлогот  „Република Илинденска Македонија” во Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање денеска пред Кривичниот суд. Ово предлог, според него, е вреден и е за длабоко размислување, затоа што ги исполнува очекувањата на мнозинството граѓани на двете земји. – Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив го зајакнува идентитетот …

Заев: Предлогот „Република Илинденска Македонија” е се уште на маса Read More »

Металург-Вардар во финалето на Купот на Македонија


Металург се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако го совлада Еурофарм Работник со 21: 28 во вториот полуфинален натпревар на завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола. Гостите од Скопје уште во седмата минута имаа водство од 3:6 и без поголеми проблеми ја одржуваа предноста. Металург на паузата замина со предност од 11:15. Иако Еурофарм Работник …

Металург-Вардар во финалето на Купот на Македонија Read More »

Каков став ќе има Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ за името?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за утре во Скопје. – Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, …

Каков став ќе има Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ за името? Read More »

Серена Вилијамс: Се враќам за повторно да бидам број еден


Американската тенисерка Серена Вилијамс изјави дека се враќа на натпреварувањата со цел повторно да биде најдобра во светот. Вилијамс од јануари 2017 година беше на породилно отсуство, а сезонава се врати со настап на турнирите во Индијан Велс и Мајами. Потоа се повлече од мастерсите во Мадрид и Рим, но се очекува да настапи на …

Серена Вилијамс: Се враќам за повторно да бидам број еден Read More »

Касами: Сметам дека треба да остане ова име


Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами рече дека се уште не добиле официјална информација околу предлог решението за името. – Официјалниот став на БЕСА е името да ја рефлектира на реалноста на општеството во државата Македонија, а тоа е мултиетничноста и мултиконфесионалниот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани на Република Македонија. Лично …

Касами: Сметам дека треба да остане ова име Read More »