Вуцис: Во февруари или март Договорот во Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент


Мислам дека не постои можност Договорот од Преспа да не биде ратификуван, вели претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис во интервју за грчката телевизија Алфа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Вуцис смета дека решението меѓу Македонија и Грција пред пратениците ќе дојде во февруари или март и дека ќе има јасно мнозинство …

Вуцис: Во февруари или март Договорот во Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент Read More »

Бабовски: Со мотор на „југо“ не се вози „порше“


Не може со мотор на „југо 45“ да возите „порше“. Вака директорот на Платежната агенција Николче Бабовски ги отфрли обвинувањата на социјалните мрежи во врска со тендерот за набавка на 180 нови компјутери. Бабовски денеска на брифинг со новинари објасни дека компјутерите, особено оние со моќни процесори, и се неопходна алатка за работа на Агенцијата …

Бабовски: Со мотор на „југо“ не се вози „порше“ Read More »

Исплатени 99 отсто од земјоделските субвенции


До први септември годинава се исплатени 99 отсто од ланските субвенции или реализирани се вкупно 6,8 милијарди денари, соопшти денеска директорот на Платежната агенција Николче Бабовски. На средба со новинари во Агенцијата, Бабобски информира дека околу 80 проценти е реализацијата на буџетот за трите видови поддршка во земјоделството: директните плаќања (субвенциите), поддршката за руралниот развој …

Исплатени 99 отсто од земјоделските субвенции Read More »

Двајца повредени кога возило удри во група луѓе во Ним


Две лица се полесни повредени кога возило влетало меѓу група луѓе кои стоеле пре еден бар во францускиот град Ним, по што удрило во заштитните бариери. Според француските медиуми, автомобилот марка „Пежо“, управуван од 32-годишен маж, ноќеска околу еден часот по полноќ влетал меѓу 50-тината гости што стоеле пред барот, нанесувајќи им полесни повреди на …

Двајца повредени кога возило удри во група луѓе во Ним Read More »

Саемот за мебел од 9 до 14 октомври, ќе се воведат две вонредни автобуски линии


Саемот за мебел ќе се одржи од 9 до 14 октомври во комплексот ВИП Арена Борис Трајковски, а за полесен пристап дотаму ќе бидат пуштени две вонредни автобуски линии 100/1 и 200/1 со крајна постројка пред ВИП Арената. Саемот ќе се протега на површина од 8.000 м2 со монтажни хали со еко-енергетски конструктивни елементи, двоен …

Саемот за мебел од 9 до 14 октомври, ќе се воведат две вонредни автобуски линии Read More »

Двајца работници загинаа на градилиштето „Белград на вода“


Двајца градежни работиници загинаа денеска на градилиштето на комплексот „Белград на вода“ во српскиот главен град, откако паднале од една од зградите во изградба. Според Б92, екипите на службата за Брза помош што дошле на местото на настанот само ја констатирале смртта на двајцата работници. Несреќата се случила околу 9.30 часот. Засега не познато како …

Двајца работници загинаа на градилиштето „Белград на вода“ Read More »

Тројца сведоци во „Топлик“ ќе бидат приведени за следното рочиште


Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот Сончев град во Сопиште. Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани, на почетокот кажа дека за денешното рочиште освен двајцата присутни сведоци, биле уредно …

Тројца сведоци во „Топлик“ ќе бидат приведени за следното рочиште Read More »

Кумуцакос: Договорот од Преспа е лош и штетен за Грција


Ние нема да го поддржиме овој договор, нема шанси да го потпишеме, нема шанси да го ратификуваме ако дојде во Парламентот и не постои веројатност ниту еден пратеник од Нова демократија да се помести од оваа дефинирана позиција, вели одговорниот за надворешна политика од Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во интервјуто за радиото „Практорио ФМ“ на …

Кумуцакос: Договорот од Преспа е лош и штетен за Грција Read More »

Ставовите на Груевски и на Мицкоски – врвна тајна


Редица некогаш значајни политички актери во надминувањето на спорот за името излегуваат еден по еден во последните седмици, соопштувајќи ги суптилно своите ставови за договорот што, по две и пол децении, го постигнаа актуелните влади во Скопје и Атина, навестувајќи како ќе се изјаснат на референдумот. Во ситуација кога низ државата секојдневно дефилираат и редица …

Ставовите на Груевски и на Мицкоски – врвна тајна Read More »

Светска банка одобри заем од 33,4 милиони долари за ран детски развој во Македонија


Бордот на извршни директори на Светска банка денеска го одобри заемот во износ од 33,4 милиони долари наменет за натамошен развој на системот за социјална заштита и рано детско образование и грижа во Македонија. Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе се фокусира на решавање на предизвиците поврзани со социјалното исклучување на ранливите групи, како …

Светска банка одобри заем од 33,4 милиони долари за ран детски развој во Македонија Read More »

Притворени 26 припадници на турската Армија осомничени за врски со Ѓулен


Суд во Истанбул им одреди мерка притвор на 26 припадници на Армијата на Турција, осомничени дека се припадници на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за создавање паралелни структури во државните органи и дека стои зад обидот за преврат во јули 2016 година. Тројца од приведените се осомничени дека се „тајни …

Притворени 26 припадници на турската Армија осомничени за врски со Ѓулен Read More »

По 13 години, за првпат прикажан филм во Македонска Каменица


По пауза од 13 години синоќа во Македонска Каменица повторно беше прикажан филм во новата кино сала во градот. Љубителите на филмската уметност имаа можност да го видат филмот „Исцелител, македонскиот игран филм во режија на Ѓорче Ставрески. Директорот на КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, Горан Огнановски, на чија иницијатива се реализираше кино проекцијата, изрази …

По 13 години, за првпат прикажан филм во Македонска Каменица Read More »

Детален дневен хороскоп


ОВЕН: Потребни се нова сила и свеж воздух во вашиот живот – вие знаете колку вредите и сега е време да ги искористите тие таленти. Посветете се предадено и трансформирајте сè околу себе, како дим од жалфија кој се пали за прочистување и се шири наоколу. БИК: Усогласување – кога човекот и природата се во …

Детален дневен хороскоп Read More »

Заборавено тенџере причина за пожар во стан во Ѓорче Петров


Заборавено тенџере е причината за пожарот којшто вчера неколку минути по полноќ избувнал во стан на улицата „Македонска војска“ во скопската населба Ѓорче Петров. Пожарот избувнал 15 минути по полноќ, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со две возила и пет пожарникари.

Орбан:Во понеделник одлука на унгарската Влада за правни чекори


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарската Влада во понеделник ќе донесе одлука за правните чекори кои ќе ги преземе за да се спротивстави на одлуката на Европскиот парламент за иницирање казнена процедура против Будимпешта поради омаловажување на демократските стандарди на ЕУ. Орбан за унгарското државно радио рече дека очекува „сериозна правна дебата“ во …

Орбан:Во понеделник одлука на унгарската Влада за правни чекори Read More »

Гувернерот на Калифорнија: Трамп ќе остане запомнет како „лажго, криминалец или будала“


Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија Џери Браун изјави дека претседателот Доналд Трамп ќе остане запомнет како „лажго, криминалец или будала“. Браун говореше на климатската конференција во Сан Франциско, организирана откако Трамп нареди повлекување на САД од Парискиот климатски договор. Калифорнија реши сепак да ги почитува одредбите од договорот и претстави амбициозен план за затворање …

Гувернерот на Калифорнија: Трамп ќе остане запомнет како „лажго, криминалец или будала“ Read More »

Шеесет и двајца возачи во Скопје санкционирани за брзо возење


Шеесет и двајца возачи во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје возеле побрзо од дозволеното, а шестмина биле под дејство на алкохол. Според полицискиот билтен, во изминатите 24 часа се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои во четири полесно се повредени пет лица, а во шест е причинета материјална штета. Од сообраќај се …

Шеесет и двајца возачи во Скопје санкционирани за брзо возење Read More »

ХАН: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении


Непосредно пред неговата посетна на Македонија во понеделник, еврокомесарот за проширување во интервју за МИА вели дека доколку се пропушти можноста за прифаќање на Договорот со Грција на референдумот на 30 септември, вратата за ЕУ ќе се затвори „за децении“. – Ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде …

ХАН: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении Read More »

„Статуафест“ на улица „Македонија“


Живи статуи од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина и Македонија ќе учествуваат на фестивалот „Статуафест – другото лице на улицата“ кој денеска и утре од 18 часот до полноќ ќе се одржува на улица „Македонија“ во организација на „Театроск“. – Она што го прави овој фестивал поразличен од останатите е неговиот формат, односно живите статуи кои …

„Статуафест“ на улица „Македонија“ Read More »

Ципрас: Ги поддржувам напорите на Заев да го добие референдумот


Желба, надеж и поддршка за Зоран Заев да го добие референдумот, уште еднаш изрази грчкиот премиер Алексис Ципрас, овој пат во интервју за сервисот на грчки јазик на „Euronews“. – Посакувам и се надевам дека овој договор ќе оди напред. Посакувам, се надевам и ги поддржувам напорите на Зоран Заев да го добие референдумот. И …

Ципрас: Ги поддржувам напорите на Заев да го добие референдумот Read More »