АТП ќе плати рекордни 217,9 милиони долари во парична награда во 2023 година


Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) го објави најголемото зголемување на паричните награди во историјата. Вкупниот награден фонд на АТП турнирите и Челинџерс следната сезона ќе изнесува рекордни 217,9 милиони долари.

Во однос на 2022 година ќе порасне за 17%, односно за 37,5 милиони.

Наградниот фонд на АТП турнирите ќе порасне за 12% до 175 милиони.

Да потсетиме дека оваа сума не ги зема предвид Грен слем наградите кои организаторите сами ги одредуваат.

Наградниот фонд на Челинџер турнирите ќе порасне за 75% до 21,1 милиони.