Атмосферата во Барса станува отровна


Една недела по специјалната средба меѓу тренерот и фудбалерите на Барселона, тензијата меѓу двете страни продолжува, тврди АС.

Фудбалерите – предводени од Лионел Меси – не се задоволни од начинот на кој Кике Сетиен ги води натпреварите. Тие особено не му се допаѓаат на неговиот асистент Едер Сарабија, а сето ова доведе до разговор на висок тон по 2:2 со Селта на 28 јуни.

Сепак, обидот да се смири конфликтот беше неуспешен и нема да биде изненадување ако утре бидеме сведоци на нови скандали со Каталонците, кои гостуваат во Виљареал.

Информациите од последните денови дека Чави Ернандез се согласи да го замени Сетиен од новата сезона дополнително ја ослабува позицијата на сегашниот тренер.
Покрај тоа, Барса се е подалеку и подалеку од одбрана на својата титула, што дополнително ја влошува атмосферата.