Атлетико за 16-годишен голман бара обештетување од 36 милиони евра


Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико потпиша договор со голманот Алехандро Итурбе. Договорот со 16-годишниот голман е со важност до 2024 година, јавува „Марка“.

Во договорот е предвидена висината на обештетувањето за Итурба да изнесува 36 милиони евра.

Голманот го потпиша својот прв професионален договор.

Итурба е дете на Атлетико. Тој, исто така, редовно бранеше за младинските тимови во Шпанија во различни категории.