Ателјето е важно колку и уметноста – Диор со ревија го славeше модниот занает на своите шивачки


Наталија Водијанова

Франција – Ателјето – се најде на централната сцена на Диор во понеделникот за префинето шоу на првиот ден од Неделата на модата во Париз, чија цел е да ја почести  работата на шивачките зад сцената на куќата.

Дизајнерката Марија Грација Кјури сакаше да покаже како занаетот на шивачките „petites mains“, од кои некои со децении работеле во ателјето Диор, е подеднакво важен како и самата уметност или мода.

Зборувајќи низ облеката, Кјури како да рече: Уметноста и занаетот се едно исто.

Во однос на стилот, имаше навестувања за трендовските 60-ти, со карактеристики како што се јаките на Петар Пан кои се појавуваат на сензуални проѕирни блузи од органза или уредно скроени костуми со смели машки црн сатенски ревери.

Во текот на Модната недела во Париз беа спроведени строги мерки за да се усогласат со упатствата на француската влада во услови на наплив на нови инфекции предизвикани од Омикрон.

Ковид-19, кој ја фрли модната индустрија на колена, предизвика откажување на безброј ревии, дури и завршување на цели сезони, а модните ревии повторно се одржуваат само под услов гостите да покажат доказ за вакцинација и да носат маски на лице додека седат. Тоа е истото правило за сите без разлика дали се познати личности или новинари. Франција моментално ги регистрира највисоките дневни случаи на коронавирус во Европа.

 

Актерката Розумунд Пајк даде добар пример со тоа што внимателно ја стави маската на лицето веднаш штом седна, иако носеше сложен моден додаток на главата од Диор. Во близина, ѕвездата на „Круната“ Клер Фој, исто така, стави маска откако позираше.

 

Манекенката и актерка Кара Делевињ, ја налути јавноста: не носеше маска додека ги гледаше креациите од првиот ред. (АП)