Атаман со проблеми на стартот од Евролигата


Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман се соочува со сериозен проблем пред почетокот на годинашново издание на Евролигата. Сезоната стартува утре (30.септември), а токму тимот на Атаман е еден од фаворитите за освојување на шампионскиот пехар. 

Во првото коло Панатинаикос го пречекува тимот на Баерн. Тимот од Атина беше активен во летниот период и донесе неколку засилувања. Но, на првиот натпревар Атаман нема да може смета на еден од клучните кошаркари – Чеди Осман. 

Осман настапи и на финалето на Евробаскетот сепак не е подготвен за стартот на новото издание на Евролигата. Независно од составот Панатинаикос е фаворит за победа против Баерн.