Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025

Рига – Турскиот кошаркарски стручњак, Ергин Атаман е прогласен за најдобар тренер на Европското првенство 2025.
Под водство на Атаман, турската репрезентација стигна до финалето на турнирот и загуби од Германија со резултат 83:88.
Турците станаа финалисти на Европското првенство за прв пат по 24 години.
Турција го помина групниот турнир на Евробаскет без пораз, а во плејофот ги победи Шведска, Полска и Грција.