Аспарагус за владата – трошки за луѓето: СДСМ за предложената потрошувачка кошница


 

СДСМ ги нарече скандалозни последните најави на владата за одредување на новата потрошувачка кошница која треба да се однесува на четиричлено семејство.

„Власта измислила сама да пресметува колку чини животот на граѓаните и се обидува да го убеди народот дека со 400 евра може да се живее.

Ама, граѓаните да не одат на одмор, да немаат можност ниту за кино или театар – тоа било луксуз според власта. Да се живее само за сметки и храна, и тоа од листата на препорачани производи од владата. За владата папаја, манго и аспарагус, а за граѓаните само трошки.

За граѓаните да биде луксуз одморот, а власта да изнајмува цели авиони на грбот на народот“, рече на прес-конференција потпретседателката на партијата Кристина Костова.

„Нема веќе ‘мама, тато, дада и бато’ како што најави премиерот за ПР – сега има само тројца, за бројките да изгледаат подобро“, рече Костова.

Според неа владата се одлучува за просечна кошничка затоа што се споредува со просечна плата, која расте побрзо и се прикажува секој месец. Минималната – еднаш годишно. Така ќе покажуваат „раст на стандард“, но само на хартија. „Новата просечна кошничка ќе ги игнорира реалните трошоци. Ќе се сведува само на храна и сметки, без никаква рекреација, култура или достоинствен живот“, нагласи Костова.