Асанж, со сила, го терале да се избања


По седум години поминати во амбасадата на Еквадор во Лондон, познатиот основач на Викиликс Џулијан Асанж, 47, во четвртокот беше уапсен од британската полиција, а изгледаше уморно и остарено од последниот пат кога беше „на слобода“ во 2012 година.
Кога беше интервјуиран преку Скајп од „Дејли телеграф“ една година по неговото влегување во амбасадата, Австралиецот ги прикажа условите за живеење во амбасадата како „да му цветаат рози“.

Сепак, неговата соба беше мала – канцеларија претворена во спална соба – но, Асанж рече дека вработените во амбасадата му биле како семејство, без оглед на тешката ситуација. Тој имаше пристап до интернет, справа за вежбање и мала кујна. Исто така, на него му беше доделено државјанство на Еквадор.

„Заедно ручаме, славиме родендени и други работи за кои не сакам да зборувам поради безбедност“, рече тој за весникот. Асанж дури тврдеше дека имал посети од славни поддржувачи како Меги Гиленхал, Џон Кјузак и Јоко Оно, иако му било тешко да се разбудува секој ден и да ги гледа истите ѕидови, постојано.
Но, нешто „смрдеше“. Кога претседателот на Еквадор во четвртокот објави дека го одзема азилот на Асанж, како и неговото еквадорско државјанство, во изјавата рече дека тоа не се случило само заради “постојаното кршење на меѓународните конвенции“, туку и поради нарушување на “секојдневниот животен протокол“.
Претседателот Ленин Морено го опиша однесувањето на Асанж како „нескротлив и агресивен“ во внатрешноста на амбасадата. Морено тврди и дека, спротивно на условите за негово затворање, Асанж сепак ќе игра активна улога во Викиликс.

„Трпението на Еквадор ги достигна своите граници во врска со однесувањето на господин Асанж“, рече Морено. „Тој инсталираше електронска опрема и опрема за блокада што не се дозволени… тој се спротивстави и ги малтретираше стражарите“.
Во четвртокот, министерот за внатрешни работи на Еквадор на прес-конференција во Кито, главниот град на Еквадор, рече дека Асанж мачкал измет на ѕидовите, а правел и други работи под секое човечко достоинство, непристојни за да се опишат .
Тој постојано влегувал во женскиот тоалет, а според Интернешнел бизнис тајмс, кој лани цитираше извор од амбасадата, Асанж слабо одржувал хигиена. „Се чини дека воопшто не се мие“, вели изворот.
Според негов другар и колега „ако луѓето околу него не го натераат да се истушира, тој со денови нема да ја преслече облеката“.
Друг негов другар вели „Џулијан сѐ јаде со раце, а секогаш ги брише прстите од пантолоните. Јас никогаш немам видено толку мрсни пантолони во животот“.
Дека Асанж не внимавал на својот изглед и на хигиената сведочи и уредникот на „Њујорк тајмс“ Бил Келер, кој во 2011 година ја опиша првата средба со основачот на Викиликс, на која разговарале за материјалите кои ги поседува.
„Тој беше на штрек, но рассеа, како бубамара која шета по улица, носеше валкана светла спортска јакна и панталони, валкана бела кошула, искинати патики и измастени бели чорапи распаднати околу глуждовите”, напиша Келер . “Мирисаше како да не се капел неколку дена“.
Додека меѓународниот притисок за апсење на Асанж е огромно, неговото однесување очиглено не му донело многу пријатели додека престојуваше во амбасадата.Сега, тој повеќе не е нивна грижа. Асанж останува во полициски притвор и ќе се појави пред американски суд на 2 мај.