Асанж ќе биде испорачан на САД: Британската министерка даде „зелено светло“


 

Минситерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател го одобри испорачувањето на соосновачот на „Викиликс3, Џулијан Асанж на САД.

Случајот, минатиот месец е проследен до министерот за внатрешни работи откако Врховниот суд одлучи дека нема правни прашања во врска со уверувањата на американските власти за тоа како ќе постапуваат со него.

Иако Пател даде „зелено светло“, се очекува жалба од правниот тим на Асанж.

Британското Министерство за внатрешни работи во соопштение наведува дека Асанж има 14 дена да поднесе жалба на оваа одлука.
 
Тој може да поднесе жалба до Високиот суд во Лондон, кој мора да одобри продолжување на жалбената постапка. На крајот треба да се жали до Врховниот суд на Велика Британија, но доколку жалбата биде одбиена, тој мора да биде екстрадиран во рок од 28 дена.
 

Соединетите Американски Држави го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, вклучително и шпионирање и хакирање државни компјутери, како и објавување стотици илјади доверливи документи, кои, како што тврдат, ги загрозиле човечките животи.