Асанж добил две деца додека бил во еквадорската амбасада


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж добил две деца со адвокатката од тимот негови бранители, додека бил во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Австралиецот, кому во САД сакаат да му судат за шпионажа, татко е на две момчња од две односно една година, кои ги има со 37-годишната Стела Морис, негова адвокатка по потекло од Јужна Африка.

Британскиот дневник Мејл од Сандеј, денеска на својата веб-страница објави фотографии од Асанж со неговите синови и разговор со Стела Морис која вели дека се заљубила во Асанж пред пет години и дека планираат да се венчаат.

Таа одлучила да го открие постоењето на Габриел и Макс затоа што стравува дека животот на Асанж е во опасност ако остане во лондонскиот затвор Белмарш каде се наоѓа сега, поради пандемијата од корона вирус.

Британскиот суд кон крајот на март одби суловно да го ослободи 48-годишниот Асанж кој стравува од зараза со корона вирусот. Судот процени дека постојат сериозни индиции дека тој нема да се појави на следните рочишта.

Преку Твитер, Викиликс пренесе порака од неговата партнерка, мајката на двете малолетни деца, во која ја моли британската влада да го ослободи него и другите остеливи болни луѓе од затвор, додека трае пандемијата.

Асанж присуствувал на раѓањето преку видео-врска

Асанж и неговата правна застапничка ја почнале врската во 2015 година. Асанж присуствувал на раѓањето на двете деца во Лондон преку видео-врска, а постариот Габриел го видел во во амбасадата каде му е донесен.

Децата се британски државјани според весникот, и го посетиле таткото во затворот.

Асанж беше уапсен во април 2019 година откако помина седум години скриен во амбасадата на Еквадор во Лондон.