Артета: Не успеавме да направиме разлика во резултатот
Во дуелот на првопласираните екипи на Премиер лигата (Арсенал) и на Бундес лигата (Борусија Дортмунд) одигран синоќа во Лондон немаше победник 1:1. Арсенал со освоениот бод има вкупно 11, а Борусија еден помлаку – 10.
– Мислам дека ми се допаѓа начинот на кој играше тимот. Мислам дека нема сомнение колку е супериорен, колку доминантен, каква закана бевме. Беше одлично да се гледа. Беше неверојатно што понекогаш топката не завршува во мрежата. Тоа е моето чувство. Мислам дека разликата денес беше уште поголема отколку што беше пред неколку дена против Њукасл. Имавме два големи противника, сакаме да победиме во секој натпревар, а денес не успеавме да направиме таа разлика во резултатот, за жал, изјави менаџерот на Арсенал Микел Артета.
Арсенал поведе со голот на Виктор Ѓокереш, а Борусија Дортмунд изедначи во вториот дел преку Максимилијан Баер.