Арсовски: Правдата е обезбедена, Мијалков е во притвор


Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, објави денес дека досега се вакцинирале 1.510 медицински лица, а министерот Венко Филипче ќе ја прими втората донација со вакцини од Србија. Фокусот на новинарите сепак беше околу  бегството и враќањето на Сашо Мијалков, но  немаше нови детали за соопштување. Портпаролот  Душко Арсовски  го повтори ставот на Владата  дека институциите ги превзеле сите редовни и вонредни мерки и дека нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот.

-Институциите ги превзедоа сите редовни и вонредни мерки за бегството на Сашо Мијалков. Тој се пријави во обвинителството и обезбеден е неговиот домашен притвор. Координацијата на сите институции со сите активности што се презедоа во изминатите два дена дадоа резултат. Владата потврди дека нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот, рече Арсовски.

Тој не сакаше да ги коментира пишувањата на социјалните мрежи дека настанот се претворил во шпанска серија. 

-Мерките што се презедоа дадоа резултат, правдата е обезбедена и тоа е најважно во овој случај, рече  Арсовски. 

За собирањето потписи против пописот Арсовски повтори дека дефинитивно тој ќе се спроведе и секој граѓанин треба да придонесе за тоа.