Арсовска: Илинден е вечен симбол на борбата за слобода

Илинден е вечен симбол на борбата за слобода на македонскиот народ и на основите на нашата државност. Борците кои ги жртвуваа своите животи за Македонија беа водени од храброста и стремежот за создавање независна држава.
Денес ги одбележуваме 122-годишниот јубилеј од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, со оддавање почит пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, АСНОМ и Никола Карев. Овие два настани нè потсетуваат на борбата и заложбите за самостојна, слободна и суверена Македонија, како и на нашата обврска да создаваме иднина каде соживотот, солидарноста, демократијата и просперитетот ќе бидат секогаш императив.
Нека ни е честит и вековит Денот на Републиката.