Арсенал го освои Суперкупот на ФА победувајќи го Ливерпул на пенали

Екипата на Арсенал е освојувач на Суперкупот на Англија, откако денес на „Вембли“ во Лондон го победи Ливерпул на пенали со 5:4.

Освојувачот на Купот на Англија, тимот на Арсенал поведе преку Пјер-Емерик Обамејанг во 12.минута. Шампионот во Премиерлигата, Ливерпул, изедначи во 73.минута со голот на Такуми Минамино.

Во пенал рулетот тимот од Лондон победи со резултат 5:4 реализирајќи ги петте удари од 11 метри, додека кај Ливерпул промаши Рајан Брустер во третата серија, момент што се покажа како клучен на натпреварот.

За Арсенал ова беше 16. трофеј во „Комјунити Шилд“, рекордер е Манчестер јунајтед со 21 трофеј.