Армани ја разубави Мостра: Глобалните амбасадорки со нов кармин


Италија– Брендот Армани кој е освен со облеката е лидер на модната сцена и со козметиката, ја промовираше новата линија на кармини, на црвениот килим на меѓународниот филмски фестивал во Венеција, како еден од спонзорите.

Глобалните амбасадорки на „Армани“ Кејт Бланшет, Мадисин Риан, Грета Феро, Сара Сампајо и Барбара Палвин позираа со новите кармини „Лип Маестро“. Лимитираната колекција има црвено дизајнирана амбалажа.

Брендот дава голем придонес за филмската индустрија, облекувајќи ги ѕвездите од блокбастери како „Американскиот жиголо“, „Волкот од Волт Стрит“, серијалот со „Бетмен“, „Невозможна мисија“ и други.