Арктички циклон ја донесе најстудената ноќ во Велика Британија од почетокот на годината


Арктички циклон ја донесе најстудената ноќ во Велика Британија од почетокот на годината и предизвика хаос во транспортот.

Ноќеска во Шкотска се измерени минус 15,2 степени Целзиусови. 

Телевизијата Скај Њуз информираше за откажани летови на аеродромите во Лондон Хитроу, Лондон Сити и Гетвик, повикувајќи се на специјализираната веб-страница Sky Scan World.

Авионите кружат и чекаат да бидат пренасочени.

Снежните врнежи се очекува да се интензивираат низ јужна Англија и Јужен Велс, според најновите ажурирања на временската прогноза. Температурите ќе опаднат. За големи области на Велика Британија е издадена жолт аларм на тревога.

Полицијата ги предупреди возачите да не патуваат во јужниот дел на островот.