Аријана Гранде се сврши со богаташот Гомез


САД- Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде ја објави својата свршувачка, а како што пишува магазинот People, нејзин избраник е агентот за луксузни недвижнини Далтон Гомез.

„Засекогаш и уште подолго“, напиша пејачката нa Instagram под фотографиите со Далтон и вереничкиот прстен.

Според People, Далтон Гомез и Ариjaна Гранде ја започнале врската во јануари годинава, и деновите на карантинот поради коронавирусот ги минуваат заедно во куќа во Лос Анџелес. Двојката првпат беше видена во јавноста во мај во спотот за песната „Stuck with U“, која Гранде ја сними заедно со Џастин Бибер.

На двојkата ѝ честиташе мајката на пејачката, Џоан Гранде. „Пресреќна сум да го поздравам Далтон Гомез во нашето семејство“, напиша таа на Twitter.