Архивот на јавни собири објави дека вчера во 12 часот во Нови Сад имало 110.000 луѓе
Околу 110.000 луѓе биле присутни на комеморативниот собир во Нови Сад, по повод годишнината од падот на настрешницата на Железничката станица, во моментот на оддавањето на почитта, објави Архивота на јавни собири на Фејсбук.
Оваа проценка не ги вклучува граѓаните кои во тој момент биле заглавени на пристапните патишта до Нови Сад, додава Архивот.
Според евиденцијата на Архивот на јавни собири, ова е најголемиот собир што некогаш се одржал во Нови Сад, двојно поголем од најголемиот собир за поддршка на претседателот Вучиќ, одржан на 12 април оваа година во Белград.
Француската агенција АФП објави дека на митингот имало повеќе од 100.000 луѓе, додека српското МВР соопшти дека во неговиот врв, во 12 часот, имало 39.000 луѓе.
Адвокатот и потпретседател на ЛСВ, Александар Оленик, изјави дека, според полициските проценки, на вчерашниот комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад се собрале меѓу 140.000 и 160.000 луѓе.