Аргентина почна испитување на хиперимун коњски серум


Аргентина– Во Аргентина почнаа клиничко испитување на лекување на Ковид-19 со хиперимун серум развиен од антитела од коњ.

Серумот што го произведува биотехнолошката компанија „Имунова“, се добива со вбризгување на протеин на САРС-Ков-2, што предзвикува коњот да создава големо количетво на неутрализирачки антитела. Потоа плазмата се екстрахира од коњот, се прочистува и обработува.

По позитивните резултати од лабараториските тестови, во клиничките испитувања на ефикасноса на серумот учествуваа 242 лица, кај кои беше дијагностициран новиот коронавирус од умерен до тежок облик.

Првите резултати се очекуваат во октомври, најдоцна во ноември.

Во Аргентина регистрирани се речиси 175.000 инфицирани лица со Ковид-19, од кои починале околу 3.200 луѓе.