Аргентина киксна уште на стартот, Меси повторно немоќен


Аргентина киксна уште во првиот меч од Копа Америка. Лео Меси и друштвото загубија од Колумбија со 2-0, благодарејќи на головите на Мартинез и Запата во второто полувреме.

Аргентинците имаа повеќе од играта, но Колумбијците одлично се бранеа. Колумбија ја победи Аргентина првпат после 12 години.

Следниот натпревар, „гаучосите“ го играат против Парагвај на 20 јуни и немаат право на нов неуспех ако сакаат да ја минат групната фаза од натпреварувањето што се игра во Бразил.