Апсурд во Србија: Директорите на училиштата тужени оти инсистирале на носење маски?!


 

Против директорите на основните и средните училишта во Белград, Србија, поднесена е кривична пријава заради тоа што ги условувале децата и наставниците да носат маски.

Според медиумите, до 300 директори стигнала кривична пријава од Синдикатот на вработените во полицијата.

Директорот на Земунската гимнација во Белград Милош Бјелановиќ вели дека е шокиран откако против него и уште околу 300 други директори на основни и средни училишта во Белград е поднесена кривична пријава.

„Јас и дене денес сум во шок. Да правите нешто по закон, апсолутно применувајќи ги ги сите предложени мерки, да направите се за да ги заштитите животите на учениците и на вработените и потоа да добиете кривична пријава…“, се чуди Бјелановиќ, во изјава за РТС.

За сега изјави дале повеќе директори.

Тие побарале прием кај ресорниот министер да разговараат за настанатата ситуација и тој бил прифатен.

На прашање до обвинителството како дошло до оваа парадоксална ситуација и дали можело обвинителството да ја отфрли кривичната пријава како неоснована, бидејќи директорите само го почитувале Законот за заштита на населението против заразни болести, од таму велат дека мора да го проучат предметот за да дадат адекватен одговор, пренесе Бе92.