Апсења во Хрватска – меѓу уапсените и двајца пратеници?


 

Од рано наутро трае голема акција на хрватската полиција во која се уапсени повеќе лица, а како што јавуваат хрватските медиуми, за двајца пратеници ќе биде побарано да им се тргне имунитетот.

Се работи за полициска акција поврзана со малверзации во компанијата „Јанаф“. Во тек се претсреси.

Во меѓувреме. во хрватскиот Сабор треба да пристигнат барања за укинување на имунитетот за еден пратеник од ХДЗ и еден од СДП, за како што се претпоставува и тие да можат да бидат уапсени, затоа што се смета дека се поврзани со случајот.

Уапсен е сопственикот на фирмата, а сите инволвирани се сомничат дека примале мито за да наместат милионски бизниси за други фирми.