Апокалипса во Сочи (видео)


Бранови високи шест метри кршат палми и ги поплавууваат првите катови на повеќекатните згради во Сочи.

Силниот ветер собори дрвја, предизвикувајќи доцнење на возовите. Во еден момент беше затворен и аеродромот. Патем, силно невреме го погоди целиот брег на Црното Море: од Одеса, преку Крим, до Сочи.

Речиси половина милион жители на Крим останаа без струја поради невремето.

Во невремето едно лице исчезнало, а четири се повредени, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Припадниците на тоа Министерство цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи и им пружале помош, пренесува РИА Новости.

На социјалните мрежи се појави информација дека брановите ги однеле рововите на окупираниот Крим кои руската војска ги ископала на плажите.

Според информациите на кримските медиуми, во Евпаторија водата ја однела одбранбената линија на брегот, инженерските згради и позициите за стрелање.

Брзината на ветрот на бреговите на окупираниот Крим достигнува 115-130 километри на час, брановите се високи 8-9 метри. На Кримските Планини ветерот е до 150 километри на час.