Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“


Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда.

Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица, поради немање докази, беа ослободени од обвиненијата.

Во настаните од 9 и 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ беа убиени 8 припадници на полициските сили и 10 припадници на вооружената група.