Апелација ја отфрли жалбата, Спиро Ристовски останува во притвор


Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски останува во притвор откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор.

Ристовски, кој издржува мерка притвор во Затвор Скопје, е еден од осомничените како организатор на настаните на 27 април во Собрание во 2017 година. На јавна седница Ристовски бараше да му биде укинат притворот и изразувајќи уверување дека нема да бега, ниту би влијаел на сведоци затоа што, како што рече, е уверен дека ќе ја докаже невиноста.

Како организатори за  „27 април“ освен Ристовски обвинителството ги гони и експремиерот Никола Груевски и Никола Бошковски кои се во бегство, пратеникот Трајко Велјановски на кого Собранието не му го одзема имунитетот и екс министерот Миле Јанакиевски кој првично беше во притвор, а сега е во домашен.