Апасиев предлага патните трошоци на пратениците да бидат во висина на автобуски билет


„Моите односи со дотичниот се срдечно одвратни“, изјави Димитар Апасиев за Никола Димитров
 

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава за Канал 5 понуди решение кое би требало да го реши проблемот со превисоките суми за патни трошоци на пратениците.

– Најелегантното решение според нас, бидејќи има неколку варијанти, е постоечкото 20 отсто на изминат километар да се измени и да се спушти на 5 отсто. Според нашите калкулации, во тој случај, цената којашто ќе ја добиваат пратениците ќе биде изедначена со цената на повратниот автобуски билет за одредена релација – вели Апасиев.

Тој даде и еден пример како за патување кое вреди 300 денари пратениците земаат диполнителни 700 денари од буџетот.

– Ќе ви кажам и еден пример. Патување од Куманово е 40 километри наваму и 40 километри натаму. За 80 километри добивате 1.000 денари, а реалниот трошок за изминати 80 километри е 300 денари, останатите 700 денари Собранието ги дава бакшиш – додаде тој.