Апасиев до пратениците: Со здравје да си ги трошите милионите ( од патни трошоци)!
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/01/димитар-апасиев.jpg)
Предлог измените на Законот за пратеници поднесени од опозициската Левица, со кои требаше да се ограничат можностите на пратениците за наплата на трошоци за патување до Скопје за собраниски седници, не беше поддржан од останатите пратеници во Собранието.
Првиот човек на Левица, професорот Димитар Апасиев, во свој стил се огласи на социјалните мрежи и им „честиташе на колегите“.
„ Нудиме насушно потребно ограничување на патните трошоци. Јавноста веќе долго го артикулира овој проблем и директно влијае врз достоинството на Собранието, пратениците и политичкиот систем. Како анти-естаблишмент партија, ние пробуваме да го вратиме она што народот некогаш го имаше – политичка моќ. Овие кои денес ја владеат државата ВМРО-ДПМНЕ, токму нивниот министер или фридманист – Трајко Славески ги укина патните трошоци за работниците”, истакна Амар Мециновиќ.
„ Ние, драги пратеници, ви нудиме конструктивна равенка. Да беше популистички овој закон, ќе ви поднесевме повторно укинување на патните трошоци што, патем, претходниот мандат, ДПМНЕ го гласаше, кога СДС беше на власт“ – потсети Меџиновиќ.