Апасиев бара рачно пребројување на гласовите


Претседателот на Левица, Димитар Апасиев која според неофицијалните резултатите на парламентарните избори освои два мандати, преку социјалните мрежи повика на рачно броење на гласачките ливчиња.

Двајца фиксни! Тројца украдени!? Хаос во ДИК. Идеме на рачно броење… На повидок тежок фалсификат. Најнерегуларни избори откога постои Македонија. Одиме до КРАЈ, пишува Апасиев.

Приговор за сериозни изборни неправилности најави и Коалицијата ,,Никогаш северна само Македонија” која ќе бара  увид во изборниот материјал.

Македонска конзервативна партија – ИНТЕГРА пак бара да се направи увид во неважечките гласачки ливчиња  бидејќи, како што рече на прес-конференција претседателот на партијата Љупчо Ристевски, „постојат сомнежи дека во тој дел е вршен изборен инженеринг по моделот на осумтемина велепрадавници за уставните амандмански промени што има за цел да ги неутрализира гласовите дадени за промакедонските партии“.

Ристовски побара државните органи да ги расчистат сериозните сомневања во јавноста и да понудат материјални докази за кредибилноста на изборниот процес.

-Не смее да се доведе под прашање највисокото демократско право на глас и со тоа да се компромитира целиот изборен процес. ДИК до одвој момент сеуште нема никави официјални податоци за изборните резултати, а имаме информација лично дадена од преседателот на ДИК дека имале хакерски напад. Како знаат дека досега објавените податоци во јавноста не се објавени од хакерите и како нас ќе не убедат дека податоците кои струјат во јавноста се исправни и веродстојни и се податоци на ДИК, праша Ристовски на денешната прес-конференција.